20 мали работи кои нè прават среќни: Бесплатни изненадувања

Високо на листата на најдобри работи кои секојдневно нè прават среќни се чистата постелнина, попустите и помагањето на другите. За 4 од 10 луѓе главен елемент за добро расположение се слатките.

20-mali-raboti-koi-ne-pravat-srekni-besplatni-iznenaduvanja-01

Речиси 52 % од луѓето врз кои е спроведена студијата на американскиот ланец хотели Double Tree Hilton, признаваат дека се оптимисти. Третина од испитаниците поголемиот дел од времето се среќни и признаваат дека не им треба многу за среќа. Пронаоѓањето пари  во џебот за момент може да им го подигне расположението.

Слично им влијае и убавото време, како и попустите во продавниците. Дури 82 % од нив најмногу се радуваат на изненадувања.

Позитивните емоции се потребни за менталното и физичко здравје. Тие не произлегуваат секогаш од големите случувања како венчавки или професионални успеси. Среќата, всушност, се крие во малите работи кои најчесто се неочекувани и измамуваат насмевка на вашето лице.

20-mali-raboti-koi-ne-pravat-srekni-besplatni-iznenaduvanja-1

Според ова истражување направена е универзална листа на 20 работи кои луѓето ги прават среќни:

1. Пронаоѓање пари во џебот

2. Сонцето и убавото време

3. Попусти

4. Спиење во свежо испрана постелнина

5. Бесплатни работи

6. Помагање на другите

7. Резервирање аранжман за годишен одмор

20-mali-raboti-koi-ne-pravat-srekni-besplatni-iznenaduvanja-4

8. Комплименти

9. Моментот кога ќе ја слушнете омилената песна на радио

10. Моментот кога ќе ги завршите сите обврски

11. Јадење чоколадо

12. Гледање стари фотографии

13. Брзо пронаоѓање паркинг место

14. Шолја кафе или чај со колач

20-mali-raboti-koi-ne-pravat-srekni-besplatni-iznenaduvanja-3

15. Дружење со пријатели кои не сте ги виделе одамна

16. Торта

17. Избегнување на сообраќајниот метеж

18. Добар пијалак

19. Пофалби на работното место

20. Остварување на некоја желба.

20-mali-raboti-koi-ne-pravat-srekni-besplatni-iznenaduvanja-2

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава