Дали сте и вие меѓу нив? Гости кои келнерите не сакаат да ги послужат

Без разлика дали сте некаде на патување или пак излезени со пријателите, сепак ќе дојде мигот кога ќе седнете во некое кафуле или ресторан.

gosti-koi-kelnerite-mrazat-da-gi-osluzuvaat-1

Но, дали притоа сте се запрашале дека можеби спаѓате во онаа категорија на гости кои келнерите не сакаат да ги послужуваат?

 Искусниот келнер секако дека знае како треба да постапува со овие муштерии:

Наводно полнолетни

Група деца кои не изгледаат како да наполниле 18 години, а нарачуваат алкохол. Оди од еден до друг гостин и ги проверува личните карти и слуша разни коментари, а тоа е нешто што келнерите можеби најмногу го мразат.

Гости со домашни миленици

Особено ако станува збор за миленик кој не може да седи на едно место и цело време бара храна од другите гости. Сопствениците, веројатно на секои 5 минути бараат вода за својот миленик.

Веган со многу прашања

Го преплавува келнерот со различни прашања, особено дали и во кое јадење има глутен. Келнерот секако може да го провери тоа, но големи се шансите дека секој оброк содржи глутен.

Гости кои седат со часови

Келнерите особено ги презираат гостите кои седат со едно кафе и вода со часови.

Заводник / Заводничка

На келнерите не им е дојдено до личност која ќе флертува со нив, додека тие се преоптоварени со работа.

gosti-koi-kelnerite-mrazat-da-gi-osluzuvaat-2

Чудна двојка

Ниеден келнер не ужива во тоа да ја прекине чудната и незгодна атмосфера која владее меѓу овој чуден пар.

Пребирливи

Не му се допаѓа ништо поврзано со локалот, не му е погодено кафето, сокот...а келнерот е тој кој мора да му угоди, без разлика што тоа е невозможно.

Заборавени

Упорни гости кои тврдат дека нарачале нешто друго, иако келнерот ја запишал нивната нарачка.

Забава за роденден

Кога келнерот станува организатор, фотограф, носач на торта со запалени свеќи, кога ги смирува гостите кои упорно се обидуваат да прават караоке вечер...

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава