Што се случува со изгубените куфери на аеродромите?

Ако некогаш сте се запрашале каде завршуваат куферите кои се изгубени на аеродромите, а никогаш не го наоѓаат патот до сопственикот, еве еден од одговорите кои ќе ви ја разјасни оваа мистерија.

sto-se-slucuva-so-izgubenite-kuferi-na-aerodromite-01.jpg

Аукциската фирма Грисби во Лондон секои 2 недели организира аукција на која се продаваат куферите изгубени на аеродромот Хитроу.

На овие акции месечно се продаваат околу 200 куфери, за кои вработените на аеродромот не успеале да го контактираат сопственикот.

Верувале или не, изгубените торби се продаваат со сите работи кои се наоѓаат внатре и може да се купат за околу 16 фунти.

Кога малку подобро ќе размислите, Ким Кардашијан, Наоми Кемпбел и Викторија Бекам ги загубиле своите куфери токму на овој аеродром. Што значи, за само 16 фунти може да ви се „падне“ скап куфер преполн со маркирана облека, но ризикувате и да добиете облека без вредност, затоа што куферите се продаваат затворени.

Тоа е тоа што ја прави оваа аукција возбудлива - функционира како лотарија!

Сепак, оние кои учествуваат на оваа акција не би требало да очекуваат премногу, затоа што електричните уреди, накитот и обувките се продаваат посебно.

Статистиката покажува дека на аеродромите годишно се крадат, губат или доставуваат со задоцнување околу 21,8 милиони куфери. Но, во просек 3% од овој број или поточо 654.000 куфери се трајно изгубени.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...

Најчитани неделава