Корисно: 12 начини како да го исчистите целиот дом со помош на сол

Иако домот ви е преполн со разни препарати и средства за чистење, најевтиниот и најефикасна е обичната сол.

korisno-12-nacini-kako-da-go-iscistite-celiot-dom-so-pomos-na-sol-01.jpg

Без оглед дали се работи за морска или ситна, кујнска сол, можете да ја искористите на многу начини.

Ова се само 12 со чија помош куќата ќе светне за неколку минути:

1. Исчистете ги металните предмети со мешавина од сол, брашно и оцет во ист размер.

2. На флеките на тепихот истурете сол. Почекајте неколку минути, па исчистете ја со правосмукалка.

3. За полесно да ја отстраните загорената храна од тавчето, веднаш по користењето истурете сол.

4. Флеките од кафе отстранете ги така што на нив ќе втриете голема количина сол.

5. Ако сакате да го исчистите бокалот за греење вода, наполнете го со вода и додајте 4 лажици сол. Оставете ја водата да зоврие и исплакнете.

korisno-12-nacini-kako-da-go-iscistite-celiot-dom-so-pomos-na-sol-02.jpg

6. Исчистете ја пеглата така што на стар пешкир ќе ставите сол, а потоа со жешка пегла неколку пати ќе поминете преку неа.

7. Исчистете ги сунѓерите од бактерии така што ќе ги потопите во зовриена, солена вода.

8. Ако цвеќето ви стоеше предолго во вазата, сигурно останале флеки и непријатен мирис. Ослободете се од нив со помош на сол, а потоа исплакнете со млака вода.

9. За да се ослободите од мравките истурете сол околу прозорците и вратите.

10. Направете супер ефикасно средство за чистење на подовите така што во кофа полна вода ќе додадете 1 шолја сол.

11. Исчистете ја прашината од пластичното цвеќе така што ќе го ставите во кеса со сол и добро ќе протресете.

12. За темните пешкири и фармерки да ја задржат бојата подолго, истурете лажица сол во машината за перење.

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава