За побогат живот: 10 стари верувања за привлекување пари

Пари никогаш не се позајмуваат во среда, а покачување барајте само во среда. Судејќи по ова, начинот на кој се однесувате кон парите го одредува богатството на домот и целокупниот живот.

za-pobogat-zivot-10-stari-veruvanja-za-privlekuvanje-pari-01.jpg

Според старите верувања, еве можете да влијаете врз финансиската ситуација во домот.

1. Кога да позајмите пари, а кога да барате покачување

Покачување на платата треба да барате исклучиво во среда, а никогаш не позајмувајте пари во вторник. Како што велат некои стари верувања, наутро треба да давате и земате заем, затоа што било кои активности со парите навечер може да се одразат негативно.

2. Платата треба да преноќи

Доколку сакате заработените пари да останат подолго во домот, оној ден кога ќе ја земете платата, не трошете ниту еден денар. Целата сума би требало да „преноќи.“

3. Што никогаш не се позајмува од комшиите?

Старите генерации никогаш не препорачуваат позајмување на леб и сол, затоа што паричната сигурност може да го напушти вашиот дом преку овие намирници.

4. Домашни правила за полн буџет

Нема да имате доволно пари ако свиркате во собата или ако трошките од масите ги чистите со рака, барем така веруваат постарите генерации.

5. Кога џебовите носат пари?

Џебовите од облеката која ви стои во шкафот наполнете ги со ситни пари.

za-pobogat-zivot-10-stari-veruvanja-za-privlekuvanje-pari.jpg

6. Старо верување за метлите

За во домот да имате повеќе пари, метлата би требало да ја чувате со дршката надолу.

7. Направете триаголник од 10 денари

Во минатото се верувало дека среќниците кои имале пари го практикувале овој трик. Во најмалата преграда од паричникот, чувајте книжна пара од 10 денари завиткана во триаголник.

Исто така, во паричникот треба да имате и среќна монета – првиот заработен денар или добиен од дарежлив човек.

8. Чувајте барем монети

Никогаш не го чувајте паричникот празен, нека во него стојат барем неколку монети. Плус, сите пари би требало да се свртени со главата кон газдата, не со опачината.

9. Не ја крадете туѓата среќа

Добиените пари на коцка, заработени нечесно, најдени или искинати, се верува дека не носат среќа, па затоа не би требало да ги чувате во вашиот паричник. Поделете ги на сиромашните или брзо потрошете ги.

10. Чувајте крупна банкнота во домот

Во куќата или станот сокријте една покрупна банкнота која ќе ја чувате околу 1 година. Се верува дека големите цифри привлекуваат позитивна енергија и повеќе пари во домот.

Би можело да ве интересира:

10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава