Денес е светскиот ден на насмевката: Ако имате пријател без насмевка, подарете му ја својата

Првиот петок од првата недела на октомври е прогласен за светски ден на насмевката. Таа треба да биде дел од нашето секојдневие, но колку и да ви се чини тежок овој ден, потрудете се да ја развлечете најубавата крива линија на вашето лице.

svetski-den-na-nasmevkata-ako-nekoj-prijatel-nema-nasmevka-podarete-mu-ja-svojata-01

Ако случајно не можете да се сетите на некоја причина поради која ќе се насмеете, прочитајте ги следниве:

1. Насмевката е второто најубаво нешто што можете да го направите со своите усни.

2. Смејте се макар и со тажна насмевка, бидејќи потажно од тажната насмевка е да немате никаква насмевка.

3. Постојат стотици јазици во светот, но насмевката ги зборува сите.

4. Секогаш посилен е оној кој се смее од оној кој е бесен.

5. Насмевката ја зголемува вредноста и убавината на вашето лице.

svetski-den-na-nasmevkata-ako-nekoj-prijatel-nema-nasmevka-podarete-mu-ja-svojata-2.jpg

6. Насмевката е единствената крива која може сè да исправи.

7. Ако се смеете кога никој не ве гледа, тогаш тоа е искрена насмевка.

8. Секој ден поминат без насмевка е изгубен ден.

9. Насмевката не ве чини ништо. Со неа се збогатуваат оние кои ја примаат, а не осиромашуваат ниту оние кои ја даваат.

10. За насмевка е потребен само момент, а сеќавањето на неа може да трае и засекогаш.

svetski-den-na-nasmevkata-ako-nekoj-prijatel-nema-nasmevka-podarete-mu-ja-svojata1.jpg

Се насмеавте денес?

Би можело да ве интересира:

„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава