Ова момче планира да ја посети секоја Старбакс продавница во светот
Рафаел Лозано е првата личност која има ваква мисија - да патува и да пие кафе во секоја Старбакс продавница во светот.

Неговата мисија започнала уште во 1997 година, а главна мотивација му била желбата да постигне нешто единствено и уникатно.
Од тогаш, па до денес Рафаел сфатил колку голем предизвик си поставил, но ужива во секој негов момент, секоја настаната фотографија, секоја нова дестинација...
До сега има посетено 11.773 Старбакс локали ширум 6 континенти во светот.
Ова се само дел од нив:

Њујорк, 14 октомври 2007 година

Канада, 20 август 2008 година

Чиле, 16 септември 2009 година

Швајцарија, 10 мај 2008 година

Египет, 14 април 2011 година
Сите авантури на Рафаел можете да ги погледнете на неговата Фејсбук страна.