Во оваа продавница подот исчезнува и мора да се искачувате по ѕидовите

Ако сте од оние кои ги сакаат екстремните спортови, ја купуваат целата спортска опрема и постојано сметаат дека се подготвени за нова авантура, проверете го овој предизвик.

kolku-ste-podgotveni-za-ekstremen-sport-ili-ekstremen-shoping-01

Во една спортска продавница во Кореја, купувачите се соочиле со фантастичната идеја на брендот „The North Face“ и јужнокорејската агенција „Never Stop Exploring“.

Додека тие ги разгледуваат и избираат моделите на нови јакни, наеднаш подот под нив почнува да се повлекува, а тие, немајќи каде да застанат мора да почнат да се качуваат.

На едниот ѕид каде што има поставено држачи како оние на вештачките карпи за искачување се придржуваат додека подот не се повлече целосно.

Откако се качуваат, забележуваат дека под подот всушност се крие огромен душек со воздух, кој ги обезбедува во случај да паднат.

Но, тогаш следува уште поголем предизвик.

Наеднаш од плафонот се спушта некој од најновите модели на јакни и почнува да одбројува време од 30 секунди, кога купувачите треба да скокнат и да ја фатат јакната.

Доколку ја фатат може да биде нивна.

Оригинална идеја и фантастичен предизвик кој мора да го погледнете:

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава