5 совети за успехот од Бил Гејтс

Најбогатиот човек во светот, Бил Гејтс има неколку совети за успехот кои навистина може да ви помогнат полесно да го постигнете.

5-soveti-za-uspehot-od-bil-gejts-001

На своја 58 годишна возраст, иноваторот и основачот на Microsoft, поседува 80 милијарди долари на својата сметка и претставува инспирација на младите луѓе ширум светот кои сакаат да одат по неговите стапки.

Ако и вие сте еден од нив, овие 5 совети за успехот добро ќе ви дојдат:

Успехот е лош учител. Ги наведува паметните личности да мислат дека не можат да изгубат!

Без разлика колку е успешен, човекот секогаш треба да биде присебен, рационален и праведен. Не смее да дозволи успехот да го заслепи, да се сопне и да падне бидејќи не ги видел препреките на патот.


Не се споредувајте со никого на овој свет. Тоа е самонавредување.

Вие сте уникатни, запомнете го тоа. Вашата ДНК е само ваша и на никој друг во светот.

Успехот кој го постигнувате не дозволувајте да биде производ на натпревар со другите. Секогаш натпреварувајте се сами со себе. Личноста во огледалото е вашиот најголем противник.


Незадоволните муштерии се добар знак за бизнисот!

Се прашувате зошто? Едноставно е.

Доколку повеќе муштерии не се задоволни од еден ист производ или услуга, тоа значи дека време е за промена, а промената секогаш носи нешто добро.


Бидете добри со „бубалиците“. Секогаш постои шанса да завршите работејќи за нив.

Кармата е лоша работа. Доколку им се потсмевате на „бубалиците" кои цел ден го поминуваат со книгата, шансите да завршите работејќи за еден од нив се правопропорционални со потценувањето кое им го искажувате.

Секој заслужува да биде почитуван и да има слободен избор за тоа што сака да прави во животот. Вие не сте ништо повеќе од другите кои ги потценувате без причина.


Животот не е фер. Навикнете се!

Колку побрзо сфатите дека животот не е фер, толку побрзо ќе почнете да се навикнувате на неговиот ритам.

А кога ќе се навикнете целосно, ќе знаете како да раководите со успехот и да го задржите на своја страна бидејќи во тој случај вие нема да бидете фер кон светот, а тој ќе мора да се навикне на тоа.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава