Најпознатите селфи фотографии во видео од 90 секунди

Селфи фотографиите станаа најраширен тренд на социјалните мрежи кои го прифатија сите. Себесликањето во најразлични пози го практикуваат и познатите личности, обичните момци и девојки, па дури и некои животни.

najpoznatite-selfi-fotografii-vo-video-od-90-sekundi-01

Со оглед на тоа што ова е трендот што ќе остане запаметен, добро е да се издвојат најпопуларните селфи фотографии кои беа најмногу споделувани на социјалните мрежи, привлекоа големо внимание и кои ќе се спомнуваат.

Во ова видео од 90 секунди ќе го видите најпопуларното селфи со најмногу познати личности на него, направено за време на церемонијата на Оскарите 2014 каде водителката Елен Деџенерис направи селфи со неколку познати глумци и глумици и истото беше споделено над 2 милиони пати.

Тука е и првото селфи на римскиот папа, селфито на американскиот претседател Барак Обама, на Бијонсе и Џеј Зи со сликата на Мона Лиза.

Селфи фотографијата на мајмунот, топлес фотографијата на Џастин Бибер, првото селфи на Ким Кардашијан по породувањето, првото селфи на астронаут во Вселената се дел од најпознатите.

Но, тука се и бизарните селфи фотографии на непознати личности кои се фотографирале додека во позадина има урнат авион или запалено пристаниште.

Погледнете ги најсподелуваните и најпопуларните селфи фотографии во видео од 90 секунди:

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...

Најчитани неделава