Ова е рецептот за совршена љубов!

Долго бараниот рецепт за совршена љубов конечно е откриен. Па момци и девојки доколку сакате да го приготвите специјалитетот на правилен начин, следете ги овие инструкции.

ova-e-receptot-za-sovrsena-ljubov-2

За подготовката ќе ви биде потребно физичко привлекување, а не интерес, доза на љубомора, безусловна искреност и чисто срце кое знае да сака.

Состојките измешајте ги заедно во срцето на партнерот и оставете да се пече на 220 степени љубов.

Пазете да не го изгорите во печењето и повремено проверувајте го специјалитетот бидејќи ако еднај го изгорите, ќе треба повторно да го приготвувате, но во друго срце бидејќи претходното ќе се уништи.

Откако ќе забележите дека почнува да добива убава црвена боја која асоцира на љубов и мирис на заедничка иднина, извадете го и ставете го во ладилник, за да биде повкусно при сервирањето.

Во меѓувреме подгответе го филот со следните состојки, а тоа се трпение, разбирање, поддршка и разгорување на страстите. Не додавајте никако изневерување бидејќи освен што ќе ја преовлади аромата на љубовта, ќе му даде лут вкус поради која нема да сакате да го пробате повторно, ниту вие, ниту вашиот партнер.

Извадете го специјалитетот од ладилникот и започнете да го нанесувате филот.
Ќе добиете убав прекрасен специјалитет од кој никогаш нема да се заситите, колку и да го консумирате.

Зачинете со повеќе секс и внимание, а може и некој ситен подарок за вашиот партнер.
Сервирајте го пред да се растопи и уживајте во неговиот вкус со чаша вино и миризлива када, заедно со вашиот партнер.

На здравје љубов!

ova-e-receptot-za-sovrsena-ljubov-1

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава