5 реченици кои секој паметен човек треба да ги користи

Дали и на вас често ви се случува после некоја долга дискусија, конечно да се сетите што требало да кажете и како да ја завршите истата?

5-recenici-koi-sekoj-pameten-covek-treba-da-gi-koristi-01.jpg

Во ваква ситуација се наоѓаме сите секојдневно, па затоа ви нудиме мала помош.

Овие 5 реченици може многу да ви помогнат за да не останете „без текст“ во следната кавга или дискусија:

1. Не би се сложил/a со тоа

Компромисот е злато, но само ако не се работи за вашето здравје или системот на вредности. Наместо да се расправате и објаснувате со часови, добро би било да пресечете кратко и јасно „не би се сложил/а со тоа.“ Плус, ако понудите некакво решение, веднаш сте во предност. Оние кои ве почитуваат ќе ги почитуваат вашите вредности и граници.

2. Во ред е да се чувствувам вака

Дали некогаш сте западнале во депресија од која сте мислеле дека никогаш нема да излезете? Сигурно постојано им се жалите на пријателите и семејството, по што добивате коментарите од типот „добро, ќе помине, што не поминало.“ Наместо да се задушувате со овој проблем, тивко кажете си „во ред е вака да се чувствувам.“ Олеснувањето кое ќе следи е непроценливо.

3. Не можеш да зборуваш така со мене

Оваа навидум едноставна и проста реченица може да ве спаси од токсичните пријатели кои постојано ве напаѓаат, здодевниот и напорен шеф и од партнерот кој не ве почитува. Штом наидете на омаловажување, искористете ги овие зборови.

4. Не се работи за мене

Ако некоја врска започне да се распаѓа заради ваша кривица, не запаѓајте во таа замка. Најверојатно се работи за личен проблем на другата страна, со кој истата не може да се соочи. Доволно е да нагласите дека тука не се работи за вас, а потоа слободно повлечете се од врската во која не сте задоволни.

5. Мило ми е за тебе

Среќата произведува среќа. Можеби не ви е најмило што пријателите се омажија и оженија пред вас или ја најдоа работата од соништата додека вие уште талкате, но вреди да ги извежбате овие зборови. Луѓето не само што ќе ја ценат вашата великодушност, туку и ќе сакаат да ви помогнат да ги надминете вашите проблеми и препреки.

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава