Моќта на споделувањето: Божиќна реклама поинаква од сите други

Иако се мислеше дека нема подобра божиќна реклама од онаа на брендот John Lewis, новата реклама на ланецот маркети Sainsbury ги надминува очекувањата.

bozikna-reklama-od-prvata-svetska-vojna-ke-vi-ja-pokaze-mokta-na-spodeluvanjeto-01

Со силна порака дека „Божиќ е за споделување“, низ емотивното видео кое се навраќа во периодот на Првата светска војна, претставени се посебните моменти и чувства на војниците од двете спротивставени страни.

Тие пеат божиќни песни, разменуваат поздрави и честитки, играат заедно фудбал. По завршувањето на играта го разменуваат она што го имаат. Некои имаат само една бисквита во џебот, други имаат чоколадо. Но, важно е споделувањето на радоста и предизвикување на насмевката.

Чоколадото кое е претставено во рекламата ќе биде пуштено во продажба за 1 фунта, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Затоа што Божиќ треба да се споделува!

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...

Најчитани неделава