9 особини на секоја храбра и самоуверена жена

Време е да откриете дали сте толку силни, храбри и самоуверени колку што мислевте. Ако ништо друго, овие 9 особини секогаш можете да го усовршите.

9-osobini-na-sekoja-hrabra-i-samouverena-zena-01.jpg

По што се разликуваат самоуверените жени од сите останати?

Тие ги признаваат своите маани

Никој не е совршен, но само храбрите жени гордо ги прифаќаат несовршеностите. Тие добро знаат кои се нивните силни страни, па не мора да се фокусираат на слабите. Тие се сакаат заради она што се, но и заради она што не се.

Тие кажуваат не

Некои мислат дека тоа е лош став, а всушност е само еден вид на почит. Самоуверените жени не се плашат од ништо, па затоа и не даваат лажни ветувања. Зошто да запаѓаат во своите лаги и енергијата да ја трошат на бесмислени изговори, кога може искрено да зборуваат? И уште нешто - моќните жени не се плашат да одговорат на повикот, дури и ако треба да одбијат нешто.

Тие слушаат

Самоуверените жени се доволно сигурни во своите ставови, па немаат проблем да ги ислушаат и туѓите. Можеби не секогаш ќе им се допадне она што го слушаат, но нема ниту да направат драма од личниот проект кој не му се допаднал на шефот.

Тие не се покоруваат

Жените кои имаат моќ и храброст никогаш нема да носат, кажат, направат или станат нешто во што не веруваат. Тие немаат потреба да се вклопат во масата. Единствено важна им е личната среќа, од која произлегуваат сите останати успеси.

9-osobini-na-sekoja-hrabra-i-samouverena-zena-02.jpg

Сакаат да сакаат

Колку и да е болна нивната љубовна историја, не ја одбиваат шансата за љубов. Самоуверените жени знаат да се откажат од минатото кое ги кочи. Тие знаат дека се вредни, дека заслужуваат добра врска и дека се способни да продолжат понатаму ако нешто не успее.

Тие бараат помош

Ова е важна работа, затоа што никогаш нема да успеете потполно сами. Самоуверените жени не чувствуваат слабост кога бараат совет или помош, туку се чувствуваат вредно затоа што имаат добро одбрана група на луѓе кои ги поддржуваат.

Тие се однесуваат како што се чувствуваат

Без оглед на околностите, самоуверените жени се трудат да ги разберат своите емоции, а потоа ги следат. Немаат ниту време, ниту место за скриени емоции, љубомора или неискажани чувства.

Тие не се оптоваруваат со чувството на вина

Вината е привремено чувство кое помага да ги разбереме постапките, да ги разбереме грешките и да се извините. Вината не смее да ни ги кочи емоциите, а тоа најдобро го знаат жените кои успеале.

Тие ги поддржуваат другите

Самоуверените жени се радуваат на успесите на пријателите, семејството, партнерот. Поддржувањето на туѓите успеси никогаш не ги загрозува личните, и за тоа се добро свесни.

9-osobini-na-sekoja-hrabra-i-samouverena-zena-03.jpg

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава