Патувал низ 37 земји за 1 фунта

Кеихи Ивсаки кој има 36 години, го започнал своето патување пред 8 години, на велосипедска тура по Јапонија, но тоа толку му се допаднало што...

 

... веднаш се качил на првиот траект за Јужна Кореа и пропатувал 37 различни земји на велосипед.

Во меѓувреме, во една прилика тој бил ограбен од гусари, уапсен во Индија, замалку ќе починел од гриз на бесен пес и за малку ќе се оженел во Непал.

Вкупно поминал преку 45000 км на велосипед со својот 5ти по ред велосипед. Г-дин Ивсаки вели: "За голем број на авантури, требаат пари. Но, јас  наместо да се откажам од идеата за патување по светот, одлучив својот сон да го исполнам со силата на вољата и желбата. Патувам веќе 8 години и го продолжувам своето патување со парите кои ќе ги заработам изведувајќи улични трикови. Немам кредитни картички ниту чекови.


Сакав да патувам низ светот уште на мои рани 20 години, но успеав дури на 28 години. Помислив дека мојот живот може да заврши пред да успеам да го остварам мојот сон и тогаш решив да заминам.

patuval-37-za-edna-funta1

Не сакав да летам со авион, бидејќи сакав се да осетам на сопствена кожа. Кога сум на велосипед, навистина ја чувствувам атмосферата на местото во кое се наоѓам."

Откако му здосадило да работи во сервисот за клима уреди кој припаѓал на татко му, Ивасаки тргнал од дома на 15ти април 2001 година со вкупно 160 јени (околу една фунта) во џебот.

Цела 1 година се возел низ Јапонија по што во март 2002 купил билет за Јужна Кореа во еден правец. Во мај, 2005 година ја освоил титулата "Прв јапонец кој се искачил на Монт Еверест без никакви превозни средства".

Исто така веслал од изворот на реката  Ганг до морето. Тој дел од патот изнесувал 1300 км, а го преминал за 35 дена.

Моментално е во Швајцарија  со намера да го искачи највисокиот европски врв Монт Блан. Потоа планира да отпатува во Африка и Јужна Америка за на крај да се врати во Јапонија преку Северна Америка.

Ивсаки се надева дека за 5 години од сега ќе успее да напише книга за своите патувања и доживувања.

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (шт... Работниците во Дубаи кои работат на градилиштата, но и по хотели, спа центри и с...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
Како изгледа животот со Туретов синдром – Ја опцу кралица Елизабета во лице, кажа навреда на BAFTA Џон Дејвидсон е лице со Туретов синдром поради што неволно испушта крици и кажув...
Пет суптилни трикови што ги користат емоционалните манипулатори Префрлањето вина и глумењето жртва се тактики со кои манипулаторите прават нивна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg