Најмодерниот бездомник во Украина (фото)

Можеби за да сретнете некои од светски познатите модни икони потребно е да бидете богати и славни, но за овој бездомник тоа не е потребно.

najmoderniot-bezdomnik-vo-ukraina-001

По потекло е од Словенија, има 55 години, но живее на улиците во Украина. Покрај многуте тешкотии, успеал да стане и урбана легенда.

Го забележал еден фотограф при случајна средба, после која успеал да направи серија од 100 фотографии именувана „Славкова мода“.

Начинот на живот му е различен од другите бездомници. Тој со себе не носи голема торба, ниту спие во контејнери.

Скоро никогаш не носи иста облека, што е многу чудно за бездомниците. Покрај постојаните промени на облеката, кои понекогаш ги прави и по двапати во денот, ја менува и фризурата и брадата, а ги бричи и пазувите.

Како е сето ова возможно да го изведува еден бездомник, не е познато. Тој има свое тајно место каде ги извршува сите промени.

Како и другите бездомници шета на улиците и проси ситни пари од луѓето, но не е досаден. Сака да пие алкохол, најчесто пиво, но не е алкохоличар.

Овој Словенец е бездомникот со убедливо најдобар стил. Сите 100 фотографии се направени за време на повремените средби во период од две години.

Фотографот Dyachyshynje раскажува дека на почетокот се сретнувале секој ден, па еднаш во неделата или месецот, а по некое време кога се навикнал на него дури и тој сам го барал.

Но, од јануари 2013 година го нема видено, а ниту тој го нема побарано. На местата каде што знаел дека секогаш може да го сретне одамна не бил, па не знае што се случува со него.

Сепак, тој покажува дека стилот навистина нема врска со парите, туку дека е одраз на карактерот, личниот вкус и креативните идеи.

Погледнете го, можеби ќе ве инспирира:

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава