Генијално: Норвежани го имаат првиот лифт за велосипеди (фото)

Возењето велосипед е многу поевтино и поздраво од возењето автомобил, но сепак некои не го избираат поради недоволен број велосипедски патеки, лошиот сообраќај или заморот и потењето.

genijalno-norvezani-go-imaat-prviot-lift-za-velosipedi-foto-01

Особено проблематично е возењето низ центарот на норвешкиот град Трондеим кој има повеќе угорници кои тешко се искачуваат и пеш, но и со велосипед или колички за деца.

Токму затоа уште во деведесеттите еден човек на кој му се смачило да оди на работа постојано изморен и испотен, го смислил лифтот Трамп, кој сега е обновен како CycloCable.

Тоа е еден вид ескалатор кој има посебна патека и метална подлога за едната нога на која може да се потпрете, а со другата да останете на велосипедот.

Подлогата ви ја турка ногата по одредената линија на патеката, а велосипедот без проблем се движи со помош на своите тркала. Истото важи и за тротинетите или количките за деца.

Овој изум е одлично решение за градовите со повеќе угорници, а претставува и вистинска туристичка атракција.

Погледнете како изгледа:


Вака функционира:

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
Моќно видео: Немажените сакаат брак, невработените - работа, паровите без деца - деца, но... Тие што се во брак размислуваат за развод. Тие што се сингл сонуваат да се ожена...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава