Внимавајте што посакувате, ќе ви се оствари!

Зошто кога некој ќе каже нешто лошо, веднаш потчукнувате во дрво? Затоа што не сакате истото да ви се случи и вас, нели? Но, што кога посакувате нешто добро и веднаш добивате одлично за возврат, на што се должи тоа?

vnimavajte-sto-posakuvate-ke-vi-se-ostvari-001.jpg

Оваа кратка приказна е таков пример:

„Седевме јас и моите колеги на факултет подготвени за полагање на испит во казнена сесија, тој предмет ни беше последната шанса да избегнеме презапишување на годината на квадрат.

Некои спремиле ливчиња, други бубици, а трети се препуштиле на знаењето и случајноста, што биде, нека биде. Меѓу тие третите бевме јас и уште едно девојче.

Девојчето имаше научено сè, од „А до Ш”, но сепак се плашеше од прашањата и професорката.

Ја убедував дека професорката е една од најдобрите во факултетот, а прашањата сигурно нема да бидат толку тешки како што си мисли.

Таа само ми одговори:

- Колку би било убаво доколку професорката ни рече на сите да напишеме само по пет прашања кои ги знаеме најубаво.

Го кажа тоа со толку силна желба и искреност што посакав јас да сум професорката и да го направам тоа за неа.

Влезе асистентот и ни соопшти дека професорката нема да биде во состојба да дојде поради лични причини, но испитот сепак нема да се откаже. Таа го замолила тој да се погрижи за сè и да внимава на нас за време на испитот.

Асистентот се сврти кон нас и ни рече:

- Професорката ми соопшти дека може да напишете само по едно прашање кое најдобро го знаете, како извинување поради тоа што не можела да присуствува и да го одржи испитот, водено е казнена сесија, па не сака да ве казнува престрого.

Сите почнаа да ракоплескаат и да се радуваат веднаш започнувајќи да ги полнат испитните тетратки со одговорот на прашањето кое најмногу го имале учено.

Се завртив кај мојата колешка и ја погледнав. Беше пресреќна, а јас и реков: Внимавај што посакуваш, ќе ти се оствари!

Таа се насмевна и од тој ден знаев дека тоа ќе биде нејзиното мото во животот, а исто така и мое, бидејќи двете сфативме колку е голема  моќта на позитивните мисли и желби која секогаш ќе биде подготвена да нè води доколку ние и го дозволиме тоа.”

Затоа внимавајте што посакувате, ќе ви се исполни!

vnimavajte-sto-posakuvate-ke-vi-se-ostvari-1

Би можело да ве интересира:

9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава