Ах, тие НЕважни обврски...

Колку често и вие се залажувате секојдневно, веќе неколку години дека имате важни обврски кои мора да ги исполните, избегнувајќи ги оние навистина важните за кои немате храброст да се осмелите да ги исполните?

ah-tie-ne-vazni-obvrski-1

Сигурно често, бидејќи сте човек, а луѓето се такви што го оставаат за утре она што не мора да го завршат денес, а тоа утре не доаѓа никогаш...

Доколку сакате да го промените ова и да бидете еден од ретките кои им кажале стоп на НЕважните обврски обидете се да ги почитувате овие две едноставни правила.

Реагирајте во моментот!

Кога ќе се соочите со фактот дека ве чекаат важни обврски, реагирајте во моментот и исполнете ги пред време.

Така не само што побрзо ќе се откачите од нив, туку и ќе се чувствувате послободни и пофлексибилни личности кои ќе можат да уживаат во извршување на останатите неважни обврски.


Условувајте се себеси!

Единствена личност на која и верувате целосно сигурно е личноста која ја гледате во огледало секое утро. Со оглед на тоа, секогаш кога ќе посакате да избегнете важна обврска и да ја замените со неважна знаејќи дека сте кукавица, започнете да се условувате со реченица од типот – „Доколку не го направам ова, јас сум неспособен”.

Однесувајте се малку погрубо кон себеси и повторувајте си дека не сакате да ја изгубите својата доверба. „Верувајте подоцна ќе си бидете благодарни!“

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...

Најчитани неделава