Дали се преобразувате во вашата мајка?

Многу девојки на постара возраст почнуваат да наликуваат на нивните мајки иако не го сакаат тоа, но дали и вие сте една од нив?

dali-se-preobrazuvate-vo-vasata-majka-2

Дознајте од наведените симптоми кои ќе ви откријат дали навистина се преобразувате во вашата мајка.


Се радувате на одморот после работното време

Едвај чекате да се вратите од работа, да зачистите по дома и да се испружите на креветот, како што тоа го правела вашата мајка кога сте биле помали. Доколку ова ви се случува постојано, тоа е првиот знак дека се преобразувате во неа.


На сите им давате совет да се облекуваат послоевито кога студи и кога не студи

Без разлика дали се работи за вашето момче, сопруг или пријател, вие постојано делите совети како треба да се облекуваат кога студи, но и кога не студи, што било одлика на вашата мајка, а сега преминала на вас.


Гласната музика започнува да ве нервира

Иако можеби во минатото сте слушале рок, техно музика и истата била постојано пуштена до максимум, вас почна да ви смета гласната музика исто како и на вашата мајка кога била на ваши години.

Тоа кажува дека или сте престари за да слушате гласна музика, или се преобразувате во вашата мајка.


21 часот е складно време за во кревет

Заспивањето после полноќ за вас претставува невозможна мисија и старо минато на кое само бледо се сеќавате.

Веќе подолг период легнувате околу 21 часот што е најскладно време за кревет според вашата мајка. Сепак нејзиниот совет за рано заспивање  допрел до вас на поодмината возраст, нели?

dali-se-preobrazuvate-vo-vasata-majka-1

Порадо би останале дома отколку да излезете во ноќен клуб

Не само што излегувањето е губење на време за вас, туку и непотребно потрошени пари на алкохол со кои може да си купите нова крема против брчки. Ова е најголемиот показател дека вие навистина се преобразувате во вашата мајка!

Колку симптоми од наведените се појавиле кај вас?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава