Отворено писмо до идната сопруга на мојот брат

Секој човек се плаши од повредување на негова блиска личност како што е член на семејството, посебно доколку се работи за брат или сестра.

otrvoreno-pismo-do-idnata-sopruga-na-mojot-brat-1

Ова отворено писмо до идната сопруга на мојот брат се однесува и до идните сопруги на вашите браќа, сигурно ќе се пронајдете во зборовите напишани во него затоа продолжете со читање.

“Здраво идна снашке,

Иако не те познавам сè уште, сепак те почитувам бидејќи штом си избраничка на мојот брат секако дека заслужуваш почит и си вредна за неговото внимание и грижа како и љубов што сум сигурна дека ќе ти ја даде на претек.

Сигурно се прашуваш зошто ти го пишувам ова писмо, па ајде да ти образложам.

Таа љубов што ќе ја добиваш од него, некогаш сум ја добивала и јас, се надевам нема да ме заборави откако ќе те запознае тебе.

Неговата љубов е бескрајна, искрена и безрезервна, никогаш нема да те напушти, повреди или почувствува омраза кон тебе сè додека не се почувствува и самиот повреден од твоја страна.

А доколку се почувствува повреден биди сигурна дека и ти ќе се почувствуваш, не само од негова страна, туку и од моја, доколку забележам тага во неговите очи.

Нема да го споменам неговото непочитување кон тебе, бидејќи нема да постои. Тој е добра личност која знае да цени кога пред него се наоѓа личност што ќе го цени на ист начин.

Нема да те излаже, верувај ми, бидејќи иако кога бевме деца ја лажеше мама дека јас сум ја скршила чашата кога тој беше виновен, знае дека твојата душа не е само една чаша која може да ја испушти од раце туку така и да обвини некој друг за нејзиното распарчување.

Ако некогаш те повреди верувај ми било ненамерно.

Прости му бидејќи тој секогаш ќе ти прости грешка која не била направена од срце, туку од невнимание и лутина.

Прости му како што јас секогаш му простував кога ќе ја скршеше играчката која сум ја добила за Нова година или кога ќе го изедеше чоколадото сам, а требало да го подели со мене.

Верувам дека тебе ќе ти го даде цело чоколадо без размислување, што не ме прави да се чувствувам љубоморно, туку среќно, бидејќи мојот брат е заљубен до уши во личност која тоа го заслужува.

Бил заљубен и во минатото, имал девојки пред тебе, што е секако нормално бидејќи е човек, а секој човек има свое минато за кое не сака да зборува.

Доколку ти го довери минатото верувај си посебна, како што тоа го направи со мене, не злоупотребувај ја неговата доверба бидејќи тој никогаш нема да ја злоупотреби твојата исто како што не ја злоупотреби ниту мојата.

Ако се прашуваш од каде знам дека ќе биде ваков и со тебе, тоа е поради една реченица која ми ја кажа и никогаш нема да ја заборавам истата.

Ми рече дека идната сопруга ќе ја сака речиси исто како што ме сака мене, а верувај ми тоа е многу.

Се надевам ја сфати поентата на оваа реченица.”

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...

Најчитани неделава