Колку трае еден момент?

Времето е димензија која ни помага да не се изгубиме во моментите...

kolku-trae-eden-moment-2

Времето навидум не постои, сè е во нашата глава, не постојат денови, недели, месеци, години ниту пак децении, векови...

Кога подобро ќе размислите сфаќате дека сум во право, нели?

Ние се движиме низ просторот, но времето е она што стагнира иако стрелките на часовникот постојано отчукуваат дека она нашето време се намалува.

Стари сте колку што мислите дека сте стари, вашиот дух е оној што старее доколку не го негувате и покрај брчките на вашето лице или белите влакна во косата.

Наеднаш преминав од време на старост, а тоа е така бидејќи тие две се многу поврзани или пак ние си мислиме дека се поврзани.

Зошто постојат роденденски денови кои одбележуваат наше стареење?

Кога истите не би постоеле сигурна сум дека не би се чувствувале како да се наоѓаме под ѓонот на времето кое постојано ни ја притиска главата подготвена да ни пукне.

Не би се чувствувале како да сме заедно во некоја трка со него, бидејќи не можеш да се натпреваруваш со нешто што не постои.

Но, сепак тоа е тука, така е како што е, не може да се сменат светските правила само поради едно слободно размисување како што е ова моето, а сигурна сум дека и вие започнавте да ја согледувате мојата поента.

Сепак најважното прашање кое си го поставувам секој ден е тоа колку трае еден момент? Секунда, минута, месец?

Заклучив дека убавите моменти траат сè додека ги негуваме, би траеле вечно доколку само посакаме, тоа е оние кои ни го прават животот прекрасен и му даваат смисла.

Но, што е со оние неубавите моменти за кои мислиме дека траат вечност, а сепак исчезнуваат толку брзо?

Ете тоа е моќта на нашите мисли која не може да го поднесе ннивниот товар и го испушта во канта заедно со останатите неубави моменти кои го сочинуваат минатото.

Колку трае еден момент?

Одговорот е колку што сакаш ти!

Кога ти е убаво, потруди се да остане моментот вечен, но кога ќе те нападнат лошите моменти, минати или идни, секогаш потсетувај се дека ти си оној што го одредува нивниот рок на траење.

Бидејќи еден момент трае колку цела вечност или една секунда, се зависи од тебе!

Би можело да ве интересира:

10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...

Најчитани неделава