Јас сум ТАА девојка!

Онаа што мајка ти никогаш не би ја посакувала за снаа.

jas-sum-taa-devojka-1.jpg

Јас сум таа девојка која го повишува гласот бидејќи некогаш ѝ бил многу тивок кога требало да вриска.

Јас сум таа девојка која е подготвена да се ослободи од тебе само доколку ја почувствува својата слобода дека е загрозена.

Јас сум таа девојка од која мајка ти како мал ти кажуваше да се чуваш.

Јас сум таа девојка која никогаш нема да ја заборавиш, бидејќи ти пружила незаборавни мигови, не зборувам за секс, зборувам за живот.

Јас сум таа адреналинката, која секогаш ќе биде подготвена за авантура во 3 часот изутрина бидејќи сака да се почувствува жива меѓу останатите кои полека се кршат во монононијата на животот.

Јас сум таа девојка што се јавува на автобуска во 4 часот изутрина и го фаќа автобусот во 6 заминувајќи каде што ќе ѝ текне.

Јас сум таа што немала храброст да замине, бидејќи имала храброст да остане и да се бори.

Јас сум таа девојка што порачува пиво во женско друштво во кое сите пијат мартини за фама.

Јас сум таа девојка, да, затоа ме сакаш.

Јас сум таа што е целосно искрена со себеси, но тебе сепак ќе те излаже во своја корист, за да се заштити.

Јас сум таа што ќе те лаже дека те чекала цело време, никогаш нема да ти поверува дека ќе останеш засекогаш.

Јас сум таа девојка што сака сè, но јас сум и таа девојка што сама добива сè што сака, без никој да ѝ пререче за добиеното.

Јас сум таа девојка што ти секогаш ќе посакуваш да ја имаш покрај себе, но знаеш таа девојка си го сака животот.

И уште нешто… јас сум таа девојка што ќе ја сакаш и мразиш истовремено, бидејќи немаш избор!

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава