Важни навики кои треба да ги стекнете пред 30-те години

Ако се наближувате до значајната 30-ка, веќе немате простор за да занемарувате некои работи. Веќе немате простор за одложување, туку треба да научите на вистински начин да се справувате со работите.

vazni-naviki-koi-treba-da-gi-steknete-pred-30-te-godini-01

Важно е да стекнете одредени навики кои се неопходни за да имате среден живот кој доликува на некој што веќе не е ниту тинејџер, ниту адолесцент, туку возрасен човек со наполнети 30 години.

Колку и да не сакате да го прифатите фактот, ако постепено примените некои работи, лесно ќе се навикнете.

1. Не го прескокнувајте појадокот. Нека ви стане најважен оброк во денот.

2. Откако ќе јадете садовите веднаш ставете ги во машината за миење или исчистете ги рачно, но не ги оставајте да стојат до следниот ден.

3. Убаво е секое утро додека одите на работа да ги прочитате најновите вести или барем наслови преку мобилниот, за да бидете информирани. Тоа влијае на самодовербата.

4. Колку и да не сте спортски тип, сметајте го вежбањето како нешто неопходно за вашето здравје, кондиција и добриот изглед. Не сè само во успехот на работното место.

5. Нека не ви биде мачно да им се јавите на родителите и да ги прашате како се.

vazni-naviki-koi-treba-da-gi-steknete-pred-30-te-godini-1.jpg

6. Одредете период во денот кога барем накратко ќе ги исклучите мобилните и ќе заборавите дека постои светот.

7. Секогаш имајте неколку кондоми со себе, бидејќи никогаш не знаете кога ќе ви затребаат, а сексот без заштита е тотално неодговорна постапка.

8. Секоја вечер темелно исчистете го лицето и намачкајте се со хранлив крем.

9. Одредете ден во месецот кога ќе ги плаќате сметките и придржувајте се до тоа

10. Во ред е понекогаш да си купите некое парче кое многу ви се допаѓа иако не знаете со што ќе го носите, но време е да научите да се воздржувате од непромислени трошоци.

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава