Мир во душата, среќа во срцето: 5 Начини да си го поедноставите животот

Кога ќе сфатиме дека вистинската едноставност се крие во почитувањето на работите и нивното прифаќање, тогаш можеме радикално да си го поедноставиме својот живот.

mir-vo-dusata-srekja-vo-srceto-5-nacini-da-si-go-poednostavite-zivotot-001.jpg

За да имате мир во душата и секој ден да ви биде исполнет со неизмерна среќа, применете ги овие 5 начини:

1. Проценете ги своите врски, а особено оние кои ве исцрпуваат

Запрашајте се себеси како се чувствувате во друштво на луѓето кои ве опкружуваат? Дали тие луѓе ве охрабруваат, расположуваат или ви ја извлекуваат енергијата и не се чувствувате удобно? Морате да сфатите дека во вашиот живот нема место за оние кои ви ја одземаат енергијата. Затоа свртете се кон оние луѓе кои добро ви влијаат, а не кон оние кои само ви додаваат стрес.


2. Исклучете се, целосно, барем 1 час во денот

Тоа значи: без технологија, без телевизија, без таблети. Буквално без ништо што ви го одвлекува вниманието. Опуштете се, релаксирајте се и мислите насочете ги кон позитивните нешта во вашиот живот.


3. Исчистете го секој ќош од вашиот дом

Не станува збор само за редовното чистење на домот, туку исфрлете го сето она што не ви е неопходно или што не допринесува на тоа да се чувствувате удобно. Доколку имате предмети кои ве прават тажни, време е да ги исфрлите.


4. Неколку минути тишина

Обидете се барем неколку минути во денот да се исклучите целосно и да медитирате. Откако неколку пати ќе се обидете да бидете во целосна тишина и да ги исклучите мислите, ќе сфатите колку тоа навистина ви било потребно.


5. Искинете го списокот „што треба да направам” и направете список „што сакам да направам”

Денес сите сме научени да се држиме до одредени списоци, роковници, а потоа истите нè прогонуваат заради обврските кои не сме успеале во целост да ги исполниме. Наместо тоа обрнете внимание на сите оние работи кои ве прават вас среќни, работи за кои сметате дека не ви е потребен никаков напор. Тоа е затоа што таквите работи се прават спонтано и со љубов. Токму тој список ви треба.

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава