5 квалитети кои ги имаат само жените со самодоверба

Не е тешко да ја препознаете жената со самодоверба, затоа што лесно ја откриваат манирите, ставот, држењето и начинот на однесување кон соговорникот.

5-kvaliteti-koi-gi-imaat-samo-zenite-so-samodoverba-01.jpg

Жените со самодоверба имаат 5 заеднички квалитети кои ги разликуваат од сите останати.

Според нив, откријте во која група спаѓате.

1. Тие ги признаваат своите маани

Иако сите знаеме дека никој не е совршен, ретко кој го признава тоа. Жените кои се полни со самодоверба без проблем ги признаваат несовршености затоа што знаат каде лежи нивната сила и никогаш не се преправаат дека се нешто што не се.


2. Знаат да кажат не

За некои можеби е непристојно, но да знаеш да кажеш не е вистинска уметност. Самодовербата на жената едноставно не и дозволува да дава лажни ветувања. Попрво кажуваат искрено не, отколку лажно да.


3. Им нудат потпора на блиските

Сигурната жена не стравува дека туѓиот успех е нејзин неуспех, напротив, таа смета дека успехот на блиските и помага и на неа да успее понатаму.


4. Ги разбираaт своите чувства

Без оглед на околностите, жените кои имаат голема самодоверба никогаш не се сомневаат во своите чувства и ги изразуваат без да се чувствуваат виновни. Понатаму, несогласувањата се обидуваат да ги средат објективно и емпатично.


5. Бараат помош

Во животот невозможно е сè да постигнеш сам и тоа е во ред. Жените со голема самодоверба не се срамат да побараат помош од некој кој е учен и може да им го поедностави секојдневието.

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...

Најчитани неделава