Конечно откриено: Зошто којотот никогаш не ја фати брзата птица?

Сигурно кога го гледате цртанот со којотот и брзата птица секогаш се прашувате како е можно само на којотот да му се случуваат незгодни ситуации или како никогаш не успева да ја фати птицата.

konecno-otkrieno-zosto-kojotot-nikogas-ne-ja-fati-brzata-ptica-01

Можеби ви се чини како сè да е случајно и детско, но во суштина зад сето тоа се крие нешто друго.

Авторот на цртанот, Чак Џонс, имал напишано посебни 9 правила според кои морал да се води режисерот Амос Поснер кога го изработувал.

Пред извесно време, Амос објави фотографија на Твитер, на која се гледаат сите правила од кои не смеел да отстапува за цртанот да биде онаков каков што сите го знаеме.

1. Брзата птица не смее да го вознемирува којотот на ниеден друг начин овен со „бип-бип“.

2. Ниедна друга надворешна сила не може да му наштети на којотот, освен стапиците кои си ги прави сам со производите на Acme Corporation, фиктивна компанија за неквалитетни производи.

3. Којотот може да застане во кое било време, кога не би бил фанатик. (Фанатик е некој кој кога нешто нема да му успее, не се откажува туку  двојно повеќе се труди.)

4. Нема никаков дијалог помеѓу којотот и брзата птица, освен „бип-бип“.

5. Брзата птица мора да остане на патот.

6. Сите акции мора да соодветствуваат со природната околина на двата карактери во југозападната американска пустина.

7. Сите материјали, алати, оружје или механика мора да бидат од Acme Corporation.

8. Секогаш кога има можност, гравитацијата нека биде најголем непријател на којотот.

9. Којотот секогаш е повеќе понижен, отколку повреден од своите стапици.

Како сега го доживувате цртанот?

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...

Најчитани неделава