Како да бидете посреќни?

kako-da-bidete-posrekjni-povekjeСреќа. Толку потребна, а не секогаш достижна. Среќните луѓе имаат среќни навики. Толку е едноставно. Ако сте во потрага по сопствената...

 

...сатисфакција, можеби треба да се обидете со следниве правила.

1. Бидете дел од нешто во кое верувате – Ова може да биде било што. Некои луѓе наоѓаат прибежиште во религијата, се вклучуваат во некој проект, поддржуваат акции кои се од општествена важност или вложуваат во својата кариера. Секое од овие дава ист психолошки резултат. Кога сте дел од нешто што ве прави среќни, наеднаш животот добива поинаква димензија.

2. Поминете некое време со пријателите и семејството – Среќниот живот kako-da-bidete-posrekjniтреба да го делите со пријателите и семејството. Колку е посилна врската меѓу вас и најблиските, толку посреќни ќе бидете.

3. Концентрирајте се на доброто – Многу често губиме време размислувајќи за лошите работи кои би можеле да се случат, и не оставаме ниту време ниту простор за позитивните страни на успехот. Природно е да се грижите за непредвидливите околности, но мора да постои разумен баланс. Мора да го посакувате доброто, и во исто време да се потрудите да го поправите лошото.

4. Искористете го она што го поседувате – Неретко знаеме да се зачудиме како физички хендикепирана личност има среќен израз на лицето. Како може некој со ограничени можности да биде толку задоволен од својот живот? Одговорот лежи во тоа што таквите луѓе ги користат сите свои останати способности. Стиви Вондер е слеп, но неговото сетило за слух е она што тој го користи како извор на задоволство.

5. Предизвикајте среќен крај секогаш кога е возможно – Моќта на краевите е исклучителна. Всушност, крајот на било кое искуство влијае на перцепцијата на истото во целина. Сигурно сте читале книга која ви се допаѓала се додека не сте стигнале до последната страница. И тогаш комплетно сте се разочарале. Луѓето секогаш го помнат крајот. Ако крајот е среќен, целото случување е искуство кое ќе ви носи среќа секогаш кога ќе се сетите на него.

6. Користете ја личната енергија за завршување на работите – Секој поседува уникатна моќ и сила. Сите имаме различни вештини и способности. Личната среќа се чувствува тогаш кога не ви е потребен никој друг освен вас за да завршите нешто.

7. Вкусете го задоволството од малите работи – Најубавите работи во животот се бесплатни. Тие доаѓаат во форма на мали, едноставни задоволства, кои треба да ги препознаете и да ги зграпчите. Препознавањето на овие моменти и учествувањето во нив ќе влее неизмерно чувство на среќа во вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

Болно, но вистинито: 20 илустрации што реално го отсликуваат модерниот начин на живеење Секој човек е на својот остров со својот мобилен телефон, кога ќе ни снема батер...
6 ситуации во кои не мора да им помагате на другите (и зошто) Не сте должни да „фаќате врски“ за работа или да делите професионални совети и д...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија? „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „...
8 искрени и моќни пораки кои ќе ви ја зголемат самодовербата Никогаш нема да се излечите и да бидете добри ако не престанете да се залажувате...
Девојка преку свои искрени фотки покажува зошто не верува во Инстаграм совршенството Фалтичките на стомакот и грбот, задникот кој не е совршено затегнат... Девојка о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg