Како се бакнуваат луѓето низ светот

Бакнувањето се смета за еден од најспонтаните и најинтуитивните аспекти на човековата природа. Можеме да искажеме илјада нешта со само еден бакнеж. Понекогаш, бакнежот може да пренесе различни емоции во зависност од местото и причината. 

baknezot-niz-svetot-0

Можеме да бакнеме некого да за му посакаме добредојде или со бакнеж да се поздравиме со сакана личност. Бакнежот има различно значење низ светот.

Во некои земји, тој е израз на восхит или роматнична љубов, додека во други земји, бакнежот може да биде сметан за навреда. Еден бакнеж може да има милион различни интерпретации. Интересно е да се види како различни култури низ светот имаат различни начини на искажување блискост.

1. Ова е таканаречениот „ескимски бакнеж“. Луѓето кои живеат во арктичкиот регион покажуваат нежност со допирање на носот, челото или образот на другата личност. Оваа традиција се среќава во Монголија, Виетнам, Камбоџа, Полинезиските острови, како и кај Маорите во Нов Зеланд.

baknezot-niz-svetot-1


2.
Во многу европски земји како Холандија, Швајцарска, Црна Гора, кај нас и Словенија, вообичаено е луѓето кога се поздравуваат да се бакнат три пати последователно во образ.

baknezot-niz-svetot-2


3.
Бакнувањето во јавност не е честа глетка во Јапонија. Мажите и жените меѓусебно се поздравуваат со поклонување. Вековната традиција на поклонување сè уште е многу позастапена од класичното ракување или прегрнување.

baknezot-niz-svetot-3


4.
За спонтаните Италијанци еден бакнеж никогаш не е доволен. Бакнежот се смета за целосен само тогаш кога секој образ е сочно бакнат по двапати.

baknezot-niz-svetot-4


5.
Како Италијанците, така и нивните соседи, Французите, сметаат дека секој образ треба да биде бакнат по двапати. И секако, како може да зборуваме за Французите, а да не го спомнеме фамозниот „француски бакнеж“ - најстрасниот и најромантичниот бакнеж на светот!

baknezot-niz-svetot-5


6.
Ирците цврсто веруваат дека секој кој ќе го бакне каменот Бларни ќе биде награден со дар на слаткоречивост, кој локалното население на шега го нарекува „дарот на дрндањето“

baknezot-niz-svetot-6


7.
Бакнувањето не е само изразување на чувства. Во многу земји, бакнежот изразува почит. Во Полска, Австрија, Унгарија, Романија и Словачка, бакнежот во рака се смета за совршен начин како да се поздрави една дама.

 baknezot-niz-svetot-7

Уште 7 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава