Ја напуштила работата со 95.000 долари плата за да продава сладолед на остров

Сте сонувале ли некогаш за нешто што ви се чинело невозможно? Сте замислувале ли како лесно си заминувате од работното место без грижа на совест и одите на најегзотичното место за да уживате без да мислите дека треба да се вратите.

inspirativna-prikazna-ja-napustila-rabotata-so-95000-dolari-plata-za-da-se-preseli-na-ostrov-i-da-prodava-sladoled-01

Сте помислиле ли како е сите екрани, хартии, документи, притисоци, телефони да ги замените со бескрајно широк хоризонт, мир, тишина, природа и насмеани луѓе?

Колку многу го посакувате тоа и колку далеку може да одите за да го остварите својот сон?

Ако мислите дека е невозможно или лудо, можеби ви е потребна приказната на новинарката Ноел Ханкок за да ве поттикне да го направите следниот чекор.

Таа не работела за 200 евра, туку за цели 95.000 долари, па имала храброст да се откаже од нив и да отиде на островот St. John на Карибите и да заработува по 10 долари на час за продавање сладолед. Зошто да ен можете вие?

На сите работата главно ни се сведува во канцеларии и пред екрани, како и нејзината. Колку пати посакувате да направите подолга пауза во текот на работното време за да прошетате низ парк или седнете на кафе со луѓе со кои ќе имате контакт во текот на денот, наместо да ве стемни на работното место и да го чекате викендот за на кратко да ги видите драгите луѓе.

Зошто ви е потребна поголема причина од личната среќа? Сите колеги и пријатели кои ја прашуваат Никол за нејзината одлука, го добиваат истиот одговор. Заминала за да биде посреќна и тоа е сè. А со оглед на тоа што може да се забележи од фотографиите, воопшто не жали за она што го направила.

Многу туристи кои ја дознаваат нејзината приказна ѝ честитаат и ѝ завидуваат, но немаат доволно храброст како неа да направат нешто поинакво од секојдневната рутина за свое задоволство и лична среќа.

Нејзината приказна е охрабрувачка и инспиративна. Таа е гласот на сите оние кои се кријат зад малите и големи екрани, сите кои сметаат дека таква им е судбината и треба да ја трпат.

Таа е примерот кој многу луѓе ќе почнат да го следат кога ќе си го постават прашањето: Што правам јас за својата среќа?

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава