17 Причини зошто да седите дома наместо да се журкате овој викенд

Доколку сте во поодминатите 20 години, сигурно знаете за што станува збор, но доколку се уште уживате во цела таа фама околу излегувањето во викенд, наскоро ќе сфатите дека е бесполезно.

17-pricini-zosto-da-ostanete-doma-ovoj-vikend-namesto-da-izleguvate-1

Секако дека секој човек без разлика на возраста сака понекогаш да излезе и добро да се изжурка, но постојано журкање, без изоставување ниту еден викенд ја уништува убавината на забавата.

Ова се 17 причини зошто овој викенд најубаво ќе ви биде да си останете дома и да одморите од сето тоа постојано журкање од кое немате никаква корист.

1. Нема да се испијаните и да ви се врти во главата, па да не може да заспиете.

2. Ќе се посветите на самите себеси, може да ги лакирате ноктите, да ги средите алиштата, да готвите, да ја средите својата соба, да читате книга...

3. Опуштањето во када ќе биде првата работа која ќе ви падне на памет и подобро реализирајте ја, нема да се покаете.

4. Нема да потрошите цели два часа а можеби и повеќе за средување.

5. Нема да ја трпите болката од високите потпетици цела вечер.

6. Вашиот паричник ќе остане полн.

7. Може да се посветите на семејството или вашето милениче. Заслужуваат една вечер, нели?

8. Нема да видите личности кои не сакате да ги видите, а доколку излезете голема е веројатноста да ги сретнете низ центар или уште полошо, во клубот каде што имате резервирано маса.

9. Нема да јадете доцна, бидејќи доколку излезете, ќе се напиете, а после пиење на алкохол секогаш ви се пријадува, посебно хамбургер, пица, тост...

17-pricini-zosto-da-ostanete-doma-ovoj-vikend-namesto-da-izleguvate-2

 10. Може да започнете со тренингот кој долго време му го ветувате на вашето тело баш овој викенд.

11. Се заштитувате од правење на емоционални или сексуални грешки, како на пример молење на бившиот партнер да ви се врати назад или во најлош случај секс со непозната личност од инает.

12. Нема да се чувствувате мртви уморни цела вечер, а наредното утро како да не сте направиле ништо корисно.

13. Нема да имате мамурлак и нема да ве боли главата цел ден.

14. Ќе се чувствувате корисно за себеси и ќе сфатите дека постојаното излегување е преценето.

15. Ќе си дадете шанса да му недостигате на друштвото или партнерот.

16. Може да излезете на прошетка на чист воздух, наместо да дишете воздух со грозна миризба.

17. Вашите нови високи потпетици или чевли ќе останат како нови, наместо да бидат изгазени убаво неколку пати од претходната вечер во клубот.

Што би додале на листата?

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава