Дали си имаш работа со мамин син?

Квалификацијата „мамин син“ не е омилена меѓу мажите и не сакаат да ја слушаат, посебно ако влегуваат во неа.

dali-si-imas-rabota-so-mamin-sin-01.jpg

Но, исто така и жените не сакаат да се соочуваат со такви типови. Затоа, ако забележите барем еден од овие 5 знаци, тргнете се настрана.

1. Секогаш се и кажува на својата мајка

Мажот кој е претерано приврзан за својата мајка, ништо не крие од неа. Таа е првата личност на која ќе и се врати по секој успех, но и по секој неуспех. Ако девојката или сопругата го критикува, тој секогаш оди кај неговиот најдобар советник - мајката.


2. Секогаш е на нејзина страна

Кавгите помеѓу свекрвите и снаите можеби се најчести кога мажот е мамин син. За жал, таквиот маж е секогаш на страна на мајката и ќе најде секакво оправдување за нејзините постапки или зборови.


3. Оди на шопинг со мајка му

Никој не знае подобро што му стои од мајката. Колку и да се труди неговата партнерка да му наметне некој стил или едноставно да му подари парче гардероба, тоа мора да биде прегледано од неговата мајка. Затоа, во шопинг најчесто оди со неа, затоа што само на неа и верува.


4. Ја јаде само нејзината храна

Секоја жена која се соочува со мамин син мора да се помири со фактот дека никој не готви како неговата мајка. Затоа, голема е веројатноста дека ќе бидете кај неа на ручек почесто отколку што замислувавте.


5. Бира девојка која мајка му ќе ја одобри

Едноставно, таа е жири за се, па така и за неговата идна сопруга. Без оглед на тоа дали му се допаѓате или не, едноставно мајката е таа која одлучува дали ќе го направите среќен или не.

Сте биле до сега со мамин син? Нешто да додадете од искуство?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава