Едно е да советуваш, сосема друго е да критикуваш!

Оние добрите во светот нема да ја воочат разликата, но подобро е веднаш да си ги отворат очите и да сфатат дека не секој што ги советува им мисли најдобро.

edno-e-da-sovetuvas-sosem-drugo-e-da-kritikuvas-1

Факт е дека луѓето понекогаш советуваат критикувајќи без потреба, бидејќи ако некој ти е важен и сакаш да му помогнеш со совет, секогаш ќе внимаваш да не го искритикуваш со истиот.

Овие неколку примери ќе ви помогнат да ја воочите разликата помеѓу искрен совет и прикриена критика.

Совет – Зошто не започнеш да се храниш поздраво, така ќе постигнеш подобри резултати во слабеењето.

Критика – Како ќе ослабиш ако се храниш нездраво и не се обидуваш да вежбаш интензивно. Впрочем немаш сила да вежбаш интензивно знам, но обиди се.


Совет
– Започни да се посветуваш повеќе на себеси, наместо на твојот љубовен живот. Вистинската личност ќе се појави кога најмалку очекуваш во вистинско време.

Критика – Како ќе најдеш некој што ќе те сака кога не се сакаш самата? Започни да седиш дома и да се посветуваш на себеси, наместо да излегуваш со кој ќе ти текне, а потоа да плачеш дека те откачиле, како што тоа го правиш постојано.


Совет
– Ајде заедно да читаме книга, да возиме велосипед, да трчаме во парк, да учиме, да созреваме, ајде заедно да се обидеме да решиме секаков проблем.

Критика – Мислам дека немаш речник, немаш кондиција, дебел/ а си, тешко ги разбираш работите односно не си интелигентен/ а и не можеш да решиш ниту еден проблем без помош.


Совет
– Зошто не започнеш да шириш нови познанства, верувај ќе ти биде поинтересно, знам дека се срамиш, но ќе го надминеш срамот за брзо, ајде јас ќе ти помогнам.

Критика – Од толку што си срамежли/а се плашиш да се дружиш и со сопствената сенка, наскоро ќе останеш сосем сам и јас ќе треба да ти помагам повторно да се социјализираш.


Совет
– Мораш да научиш како да се снаоѓаш сам, а јас ќе ти помогнам во тоа.

Критика – Ти си неспособен и ќе ти помогнам само бидејќи знам дека не можеш сам да научиш како да се снаоѓаш.


Совет
– Твојот карактер е избувлив, јас те прифаќам каков што си бидејќи и јас бев таков во минатото, но сега ми е подобро откако се смирив, сакаш да ти покажам како го направив тоа?

Критика – Ти си бунтовник кој не знае за доста, можеби мене ми одговараш, но луѓето те озборуваат, гледај го мојот пример и смири си ги страстите што побрзо.


Совет
– Мислам дека заедно треба да учиме за да го сфатиме материјалот подобро и побрзо.

Критика – Ти не разбираш, немаш способност брзо да учиш, таков си во сè што правиш во животот, но не грижи се јас ќе ти помогнам да научиш.


Совет
– Мислам дека треба да намалиме со алкохолот, секако ни штети на двајцата.

Критика – Ти си пијаница, срам ми е да се движам покрај личност која пие постојано и прекоумерено, престани или нема да излегувам повеќе со тебе.

edno-e-da-sovetuvas-sosem-drugo-e-da-kritikuvas-2

Совет – Внимавај кому даруваш доверба во врската.

Критика – Го/ Ја видов оној/ онаа твојот/ твојата вчера излезен/а  сама, внимавај да не го/ ја видиш ти со друг/ а наскоро.


Совет
– Сакам да ти помогнам да ги оствариш соништата што побрзо, ќе ти откријам како ги остварив моите и истото ќе го направиш и ти.

Критика – Ништо немаш постигнато во животот, гледај јас направив сè што ветив, следи го мојот пример и започни да се будиш од соништата, оствари ги пред да ти заврши времето.

Имате ли нешто да додадете на листата?

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“ Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, с...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...

Најчитани неделава