Најчудните пива на светот

najcudnite-piva-na-svetot-povekjeЗа нас Скопско е свето пиво. Но, светот изобилува со пива. Во одредени земји пивото се пие дури и повеќе од водата. Пазарот за пиво станува сè попребирлив...

 

...па производителите мораат да понудат нешто ново. Погледнете какви се чудни пива може да сретнете низ светот:

1. Пиво за кучиња

За пивопијците и жедните кучиња сега се појави нова можност за заедничко дружење.

Забавата може да започне! Една мала пиварница од Холандија исфрли на пазарот специјално пиво од екстракт на говедско месо и јачмен.

Пивото е творба на сопственикот на продавница за миленичиња, Гери Берендсен, кој сакал на и кучињата да им го овозможи освежувачкото задоволство по напорниот ловечки ден.

Kwispel е безалкохолно пиво кое може да го пијат и луѓе, иако чини четири пати поскапо од обичен Хајнекен.

najcudnite-piva-na-svetot-1

2. Duff - пивото на Хомер Симпсон

Се сеќавате кое беше пивото Duff?

Официјалниот спонзор на пијанчењата на Хомер Симпсон сега може да се најде благодарение на мексиканецот Родриго Контрерас Дијаз.

Се произведува во сојузната мексиканска држава Халиско и може да се набави само преку Интернет.

Ова е ограничена серија на светло пиво која чини $20 долари за кутија шест пива + трошоци за испорака.

najcudnite-piva-na-svetot-2

3. Beer + Milk = Bilk

Една пиварница во Хокаидо, Јапонија, неодамна произвела пиво користејќи млеко во комбинација со слад. Замислата доаѓа од синот на еден сопственик на млекарница.

Откако млекарницата имала проблеми со вишокот млеко, и предложила на месната пиварница да произведува млечно пиво.

Бидејќи една третина од пивото е всушност млеко, тоа било добар начин да им се помогне на сточарите.

Пивото било наречено Bilk, име кое е комбинација од англиските зборови за пиво (beer) и млеко (milk). Пивото има овошен вкус и оди добро во комбинација со слатки или чоколади.

Поради својот овошен вкус, производителите очекуваат дека пивото ќе биде популарно меѓу жените. Ние не го делиме мислењето, но кој да знае.

najcudnite-piva-na-svetot-3

4. Пиво за слепи лица

Само на Германците може да им текне вакво нешто!

Диселдорфското Uerige пиво, едно од најдобрите во светот, сега излегува со нови етикети кои се испишани со Брајовата азбука.

По тој повод, поборничката за правата на слепите (и пивопиец) Јохана Цимер изјави:

„Често немаме претстава што внесуваме во нашите усти. Но сега точно можеме да го прочитаме составот на пивото, како и други податоци за него, и тоа е одлично“.

najcudnite-piva-na-svetot-4

5. Шампањско пиво

Champagne Lager е обид да се искомбинираат шампањското вино и пивото.

Овој нов производ наидува на голем успех и позитивни критики во САД.

Може да се најде во шишиња од 750 ml, а цената му е околу $12 долари.

najcudnite-piva-na-svetot-5

6. Пица пиво

Пивото на Том Сифурт од Чикаго, САД, Mamma Mia Pizza Beer, произведено во неговата домашна пиварница, направи пресврт во кулинарството.

Mamma Mia Pizza Beer содржи домати, лук, босилек и оригано, давајќи му вкус и мирис на вистинска храна.

Засега неговото пиво не наидува на големо разбирање кај пивопијците, но Том се надева дека тоа ќе се промени.

najcudnite-piva-na-svetot-6

7. Пиво за деца

Една јапонска компанија стои зад пивото Kidsbeer, безалкохолен пијалок за деца. Сатоши Томода, претседателот на пиварницата, изјави:

„Децата ги копираат и имитираат возрасните. Ако се најдете на некоја прослава каде има и деца и возрасни, давајќи им го ова пиво на децата ќе придонесете за забавата да биде уште поинтересна“.

„Дури и децата не можат да го поднесат животот ако не се напијат нешто“ е рекламниот слоган на овој производ.

najcudnite-piva-na-svetot-7

8. Најсилното пиво во светот

Една пиварница од САД го произведе најсилното пиво – 25% алкохол – кое е шестпати посилно од вообичаените пива и двапати посилно од виното.

Samuel Adams Utopias чини околу $100 долари по шише и спаѓа во најскапите пива во светот.

Го произведува Boston Beer Company.

najcudnite-piva-na-svetot-8

Би можело да ве интересира:

Која температура на водата е најпријатна за бањање во море (и кога е безбедно за бебиња и деца)? За возрасните, водата е најпријатна кога има 25-26 степени Целзиусови. Но, повеќ...
Луѓе кои како да „процветаа“ по 40-тата година, па изгледаат многу подобро отколку во младоста „Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чув...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
12 импресивни трансформации, кои ќе ве инспирираат и вие да смените нешто (дома или кај себе) „Имав лош период и поминав скоро 2 недели во кревет плачејќи, без да станам. Кос...
Луѓе од Лондон мака мачат со инфлуенсерките: Се фотографираат пред нивната куќа, оставаат ѓубре, ги ... „Почнаа да доаѓаат инфлуенсерки и луѓе со професионални фотографи. Си носат прен...
Искрени исповеди на жени: „Најголемата грешка што ја направив во младоста – не ја повторувајте и вие... „Се омажив со љубовта од факултет, што не беше грешка. Грешката беше што останав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg