Прочитајте ги луѓето: Дознајте сè за некој во 4 чекори

Кога се запознавате со некоја нова личност сигурно би сакале да може веднаш да дознаете каква е и што може да очекувате. Уште повеќе би сакале тоа да го откриете доколку се работи за некој што ви се допаѓа.

procitajte-gi-lugjeto-doznajte-se-za-nekoj-vo-4-cekori-01

Наместо да се прашувате и сомневате сето тоа може да го откриете само во 4 чекори. Единствено ви е потребно да внимавате и да забележите одредени клучни детали кои може многу да ви откријат за некоја личност.

1. Почувствувајте нечие присуство

Испитајте како зрачи некој и дали е пријателски настроен, дали ги развеселува луѓето околу себе и размислува, зборува позитивно или станува збор за постојано негативна и намуртена личност.


2.
Гледајте ги луѓето во очи

Не се кажува залудно дека очите се огледало на душата. Очите емитуваат значајна енергија која може да ви открие какви се нечии мисли и намери.


3.
Обрнете внимание на чувството при ракување, прегрнување, допири

Размислете дали ракувањето со некого ви делува сигурно, топло, срдечно или можеби формално, ладно, незаинтересирано.


4.
Обрнете внимание на тонот, гласот и смеењето

Тонот, гласот и начинот на говор ги откриваат емоциите на личноста, а звучните фреквенции креираат одредени вибрации – позитивни или негативни.

Истражувањата покажуваат дека во комуникацијата важноста на зборовите е 5 %, тонот на гласот 30 %, а говорот на тело 55 %.

Дополнително се забележува дека доколку некоја личност често носи деловна и елегантна облека значи дека е насочена кон успех и амбициозни планови.

Џинсот и обичните маички асоцираат на опуштеност, а накитот со верски симболи на верност и духовна поврзаност.

Ако обрнете внимание на држењето и фигурата ќе забележите дали е некој самоуверен, препотентен или повлечен.

Фацијалните експресии се исто важни и многу повеќе кажуваат. Кога ќе слушнете дека некој изговара едно, а неговиот израз на лицето кажува друго. Тоа се несвесни, спонтани и природни реакции кои главно не можат да бидат одглумени и испланирани.

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава