3 Трикови кои ќе ви помогнат да го надвладеете стравот

Сите се плашиме од нешто. Тоа може да е летање со авион, страв од темнина, од инсекти и така натаму. За среќа, постојат трикови кои ќе ви помогнат да го надвладеете и победите секој страв.

3-trikovi-za-nadvladuvanje-na-stravot-1

Храбри се оние луѓе кои успеваат да ги победат стравовите, а не оние кои не се плашат од ништо.

Затоа, соберете сили и спротивставете му се на вашиот најголем страв:

Трик број 1: Соочете се со стравот

Првата работа која треба да ја направите е да се приспособите на емоциите и неудобноста со која се соочувате. Бидете едно со вашиот страв. Запрете за миг, вдишете длабоко и колку и да ви е непријатно, сепак не се откажувајте.


Трик број 2: Што е најлошото што може да се случи?

Замислете ја најлошата работа која може да се случи, а е поврзана со вашиот страв. На пример, ако се плашите од летање со авион, тогаш замислете го најлошото сценарио, односно смртта. Откако ќе се соочите со тоа сценарио, тогаш и стравот повеќе нема да се држи до вас.

Трик број 3: Ставете му крај на ирационалниот страв

Се плашите дека нема да им се допаднете на луѓето? Никој не е совршен. Се плашите да летате со авион? Тоа е најбезбедниот транспорт кој ви стои на располагање. Страв ви е од темни улички? Само потсетете се дали навистина има толку голем криминал во вашиот град. Погледнете во вашите стравови, дали тие се логични?

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава