Мирисајте на починатите ѕвезди

Компанијата која се прослави со производството на персонализиран парфем на база на примерок од ДНА, најави нова, благо кажано, бизарна колекција...

 

... на парфеми. Компанијата My DNA Fragrance одлучи да лансира линија на производи наречена Antiquity.

mirisajte-na-pocinatite-zvezdu1

Оваа линија содржи 50 парфеми а секој од нив е посветен на една славна, почината ѕвезда.

Се работи за некогашни актери, претседатели и останати познати личности.

Компанијата ја започна соработката со Јохан Резинкоф кој собира примероци од косата на славните, па се очекува наскоро на пазарот да се најде парфем кој се темели на ДНА примерок од Мерлин Монро, Елвис Присли, Алберт Ајнштајн, па дури и од Ричард Никсон.

"Не можам да ги откријам деталите од процесот, но парфемот ќе биде базиран на генетскиот код", изјавила др. Дива Вердун.

Парфемите од линијата Antiquity ќе се продаваат по цена од $59,99 американски долари, а ќе може да се набават и преку интернет.

Комапнијата се надева дека првите производи ќе бидат достапни во наредните неколку месеци.

За успесите и за таргетираната целна група нема никакви информации. Важно идејата постои и ќе биде наскоро реализирана.

Кој не би сакал да мирисиса како Мерлин Монро или пак Елвис?!

Би можело да ве интересира:

9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Морничави фотки што ќе ви го покажат минатото од друга перспектива Убиецот Тед Банди како си игра со ќерката на негова девојка, морничава маска што...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Заборавената хероина од Титаник: Се вратила на бродот за да спасува луѓе, собирала пари за сиромашни... Кога богаташката Маргарет Браун сфатила дека во чамецот за спасување има уште ме...
Coca Cola ја донесе божиќната магија – рекламата повторно со AI, делува како бајка од Disney филмови... Панди, фоки и други животни се главни ликови во новата божиќна реклама на Coca C...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg