Какви значења имаат сексуалните соништа?

Луѓето многу често сонуваат соништа кои на некој начин се поврзани со темата секс. Дали барате место каде ќе имате секс или имате секс со непозната личност, со бившиот партнер или во тројка, овие соништа воопшто не се ретки.

kakvi-znacenja-imaat-seksualnite-sonishta-01.jpg

Но какво е нивното значење?

Еве неколку типични секс соништа и кое е нивното значење:

1. Барање место за секс

Ако сонувате дека со вашиот партнер барате место за секс, тоа значи дека ви недостасува интимност или дека во вашиот сексуален живот постои монотонија. Ако при вашето трагање чувствувате мачнина, тоа значи дека сте загрижени за иднината на врската.


2. Секс со непозната личност

Ако сонувате дека имате секс со непозната личност, тоа значи дека во животот ви недостасува возбуда. Вашиот ум ви препорачува да се релаксирате и да бидете спонтани.


3. Секс на јавно место

Овој сон има двојно значење. Првото значење е дека потребно ви е пријателите или некој близок од семејството да го одобри вашиот партнер. Второто значење е дека потајно посакувате и вие да имате некој од квалитетите и способностите на партнерот.

kakvi-znacenja-imaat-seksualnite-sonishta-3.jpg

4. Тројка

Соништата во кои имате секс во тројка најчесто означуваат дека самодовербата ви е намалена и дека нешто ви недостасува во емотивниот живот.


5. Хомосексуален секс

Соништата за секс со некоја личност од истиот пол воопшто не се ретки. Ако сте жена, тоа значи дека вам ви е потребно повеќе нежност во животот. Ако сте маж, тоа значи дека потребна ви е акција.


6. Ако сонувате дека изневерувате или ве изневеруваат

Овие соништа ги прикажуваат вашите стравувања дека партнерот ќе ги изгуби емоциите кон вас.


7. Секс со позната личност

Сонот каде вие имате секс со некоја славна личност најчесто значи, дека во вашиот партнер ги барате идеалните карактеристики кои ги има таа славна личност. Покрај тоа, може да значи дека потајно посакувате луѓето повеќе да ве ценат.


8. Ако не гледате како изгледа партнерот

Ако лицето на партнерот со кој имате сексуален однос во сонот не се гледа или е матно, тоа значи дека сакате вашите таленти да бидат препознаени и да го покажете својот потенцијал.

kakvi-znacenja-imaat-seksualnite-sonishta-2.jpg

9. Секс со забранета личност

Овие соништа најчесто предизвикуваат голема непријатност кога ќе се разбудите, но овие соништа не ви покажуваат дека и во реалноста посакувате да имате секс со таа личност, туку едноставно дека таа личност ве заинтригирала.

Или дека љубовниот живот моментално ви е досаден, па посакувате да воведете нешто возбудливо.


10. Секс со бившиот/ата

Овие соништа се прилично чести и се резултат на потсвесното споредување на сегашната врска со претходната. Ако сте сингл, тоа значи дека имате некои неразрешени работи со бившиот партнер.

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава