Не се споредувајте со другите

ne-sporeduvajte-se-so-drugite-povekjeВо човечката природа е натпреварувањето и споредувањето, па иако знаеме дека сме единствени, и дека не постои уште една личност со исти како...

 

...нашите карактеристики, сите понекогаш сакаме да се споредуваме со другите.

ne-sporeduvajte-se-so-drugite

Споредувањето го сфаќаме како еден начин за проценување на квалитетите кои ги имаме.

Се споредуваме и со оние кои се подобри од нас за да го процениме патот до напредок. Меѓутоа, споредувањето треба да го сведете на минимум.

Напоменавме на почетокот дека ние сме едни и единствени и не постои никој како нас - што би водело кон заклучок дека сме неспоредливи.

Потполно е невозможно и бесмислено да споредувате на пр. цвеќе и автомобили. Кој има повеќе квалитети? Кој е покорисен? Што попрво би купиле? Зошто е цвеќето поефтино, а автомобилот поскап.

Понекогаш е многу полесно да гледате во другите отколку кон себе. Полесно е да се процените себе си отколу другите.

Тешко е да ги препознаете своите квалитети, но затоа е полесно да ги видите квалитетите на другите. Секој од нас има свои квалитети и секој постои со различна причина.

Секој има животно мото и цел која сака да ја исполни, а во меѓувреме ќе мора да научи најразлични “лекции“: Како би можеле да го споредуваме животот со некој друг чија животна цел е да одгледува деца, а вашата е да отпатувате во свемирот...

Често пати незнаеме што сака некој друг, зошто сака, колку сака, какви цели има, а сепак се споредуваме со него.

Наместо постојана компарација на вашата личност со останатите започнете да се прифатите себе си онакви какви што сте, ценете ги сопствените таленти и квалитети и обидете се да сфатите дека секоја личност си оди по својот пат.

Понекогаш патиштата може да се вкрстат, но тоа никогаш не станува еден заеднички пат. Беззначајните споредби може само да ве забават на патот кон остварувањето на вашите цели. Без потреба губите енергија за нешто што навистина не е значајно за вас.

Би можело да ве интересира:

Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години Гркот Стаматис додека живеел во САД добил дијагноза за рак на белите дробови и п...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Колку пари навистина имал Пабло Ескобар (и како ги трошел)? „Знам дека Пабло заработуваше толку многу кеш, што секоја година, губеше околу 1...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...
9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg