Како изгледа дневното мени на еден модел?

Дали сте се запрашале некогаш што јадат моделите во текот на денот? Или едноставно претпоставувате дека секојдневно гладуваат? Некои од нив тврдат дека не гладуваат, туку внимаваат на својата исхрана. Таков е случајот и со Меган Вилијамс.

shto-jade-eden-model-01.jpg

Вилијамс е британски модел кој се има појавено во големите модни списанија како Elle, Glamour и Marie Claire, како и во кампањите на Guess.

Овој пат открива што јаде во еден ден. За појадок, таа вели дека јаде домашни палачинки без глутен, за ручек пилешка салата и ладен чај, а за вечера тако со риба, но не открива колкави се порциите. За ужинка консумира само овошје.

Меѓу другото, таа додава: „Во мојот фрижидер секој можете да најдете високо протеинска храна како: јајца, сирење и кашкавал, како и путер од кикирики “.

Внимава колкава количина на течности внесува, а омилен пијалак и е водата од кокос. Понекогаш сака да ужива и во малку чоколадо.

Нејзината диета се чини дека нема големи рестрикции и не се базира на некои строги диети и режими во исхраната, но затоа пак, таа секојдневно вежба пилатес.

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава