14 работи кои вашата душа сака да ги запаметите

Кога е во прашање животот, премногу време трошиме живеејќи со егото - претерано сме врзани за својот идентитет и друштвените ставови.

14-raboti-koi-vasata-dusa-saka-da-gi-zapametite-01.jpg

Но, нашата душа е целосна спротивност - вечна, бескрајно мудра и почесто треба да ја слушаме. Нашата интуиција обично е оној внатрешен глас кој ни шепоти мудри работи во брзите, стресни и збунувачки времиња.

Овие 14 работи се само дел од тие мудрости:

1. Некои луѓе зборуваат со вас кога имаат слободно време, други прават слободно време за да ви се посветат. Денес и секој останат ден бидете од тие вторите.

2. Најмалиот чин на добрина секогаш вреди повеќе од големите намери.

3. Пречесто ја потценуваме моќта на допирот, насмевката, искрениот комплимент и љубезноста - сè што има голем потенцијал да ни го разубави животот.

4. Кон другите треба да бидете љубезни и нежни не затоа што тие се добри, туку затоа што вие сте.

5. Кога ќе пронајдете мир во себе станувате личност која може да живее во мир со другите.

6. Обично не е она што го имате или каде сте или што правите тоа што ве прави среќни или несреќни. Тајната лежи во она што го мислите и како се поставувате кон сето тоа.

7. Среќата не е реакција или резултат. Таа е избор направен во даден момент.

8. Она што ви ја попречува среќата е фактот што на минатите негативни искуства и понатаму им дозволувате да живеат во вашиот ум. Пуштете ги!

9. Можете да бидете нервозни, разочарани или изморени. Но, без оглед на сè, најдобрата опција која секогаш ја имате на располагање е да направите чекор нанапред.

10. Ништо нема да ве чини ако бидете позитивни. А, тоа може да ви го промени животот.

11. Вашето „јас можам“ е многу поважно од интелигенцијата.

12. Малите препреки во животот гледајте ги како малите камчиња на кои се сопнувате.

13. Стравот не постои никаде освен во нашиот ум. Тешко е да го следите срцето, но вистинска трагедија е да дозволите стравот да ве спречи во тоа.

14. Со тек на време се ќе дојде на свое место. Дотогаш научете што можете, смејте се и живејте го моментот.

Би можело да ве интересира:

Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
Калиопи пееше на Евровизија, Леонардо ди Каприо освои Оскар: Работи што се случија пред дури 10 годи... Помина цела деценија од Оскарот на Леонардо ди Каприо, но и од смртта на единств...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Девојка го одби запросувањето на дечко ѝ, на бина на концерт пред огромна публика (видео) Дечко од Австралија се договорил со бендот Bootleg Rascal да се качи на бина за ...

Најчитани неделава