Мрачната страна на најпознатите бајки и приказни за деца

Од каде потекнуваат бајките? Се смета дека потеклото на бајките е во народната традиција, каде што приказните се пренесувале усно, од колено на колено со векови. Најраните бајки потекнуваат од Египет.

mracnata-strana-na-najpoznatite-bajki-i-prikazni-za-deca-01.jpg

Браќата Грим

Во својата книга именувана како „Детски и семејни бајки“ за првпат се објавени: Снежана, Јованче и Марика и другите светски познати приказни. Собирачите и истражувачите на приказните биле изненадени со фактот дека различните бајки на различните народи ги содржеле истите теми.

Неизбежен е заклучок дека постои заеднички извор на сите бајки.

Некои од бајките кои ни се познати преку книгите за деца и цртаните филмови имаат сосема различни потекла од тие што ни се познати.


Црвенкапа

Повеќето луѓе го знаат крајот на бајката во која ловецот ја спасува Црвенкапа и го убива лошиот волк. Оригиналната француска верзија на оваа бајка е малку поразлична.

Во оригиналната верзија, Црвенкапа е мало, добро девојче кое го прашува волкот да и помогне да ја пронајде куќата на баба ѝ откако ќе се изгуби во шумата. Приказната завршува така што волкот ќе ја изеде. Ги нема ниту ловецот, ниту бабата.

Моралната порака на приказната е дека не треба да се прифаќаат совети од непознати лица.

mracnata-strana-na-najpoznatite-bajki-i-prikazni-za-deca-1.jpg

Малата сирена

Во верзијата на Дизни, малата сирена Ариел се претвора во човечко суштество и се венча за принцот Ерик.

Во првата верзија на Малата сирена, напишана од Ханс Кристијан Андерсен, Ариел го гледа Ерик на свадба, со друга жена. Понуден и е нож да го убие, но наместо тоа, решава да се фрли во морето и да се трансформира во морска пена.


Снежана

Во верзијата која сите ја знаеме лошата кралица го праќа ловецот да ја убие Снежана и да го донесе нејзиното срце. Дизни нема сменето многу во оваа приказна, но изоставен е важен елемент од оригиналната бајка.

Во оригиналната верзија кралицата го бара црниот дроб на Снежана, за да го изеде за вечера.

Приказната завршува со кралицата која е принудена да танцува до смрт во црвени чевли од вжештено железо.

mracnata-strana-na-najpoznatite-bajki-i-prikazni-za-deca-2.jpg

Пепелашка

Потеклото на оваа бајка датира од пред нашата ера. Приказната е слична на модерна верзија, со исклучок на стаклените чевли и пајтонот од тиква.

Зад оваа прекрасна бајка демне злобната варијација на браќата Грим, во која злите сестри си сечат дел од стапалото, со надеж дека ќе го залажат принцот и дека ќе им одговара чевелот.

Лошите сестри на Пепелашка остатокот од својот живот го поминуваат како слепи просјаци, додека Пепелашка живее во луксузниот замок на принцот.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...
Од војник до ѕвезда: Која е трансродовата жена што меѓу првите го променила полот со операција? Во 1950-тите, никој не ни знаел дека постои операција за промена на полот. Па, т...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...

Најчитани неделава