Што кажува за вас омилената боја на лак за нокти?
Кога сте соочени со голем избор на бои на лакови, одбирањето на бојата не претставува само стилски избор, туку и одраз на вашата личност.

Можеби ќе се одлучите да ја промените бојата по најновите трендови, но секогаш постои една единствена боја која ви е омилена и која најчесто ја употребувате.
Што вашата омилена боја на лак за нокти кажува за вас?
Црвена
Оваа боја е безвременски класик кој покажува дека сте елегантна и софистицирана дама.

Црна
Оваа боја покажува дека сте самоуверена личност која зрачи со сексапил и самодоверба.

Неонски бои
Неонските бои не остануваат незабележани и покажуваат дека сте екстровертна и авантуристички настроена личност.

Бела
Оваа боја додава модерен и младешки елемент во вашиот изглед, па покажува дека сте тренди и кул личност.

Сина
Сините нијанси покажуваат дека сте креативна личност која сака да размислува за иднината.

Месо боја
Оваа боја одлично се комбинира со секој стил на облекување, изглед и комбинација, а покажува дека сте релаксирана личност која сака да ужива во животот.

Пастелни бои
Пастелните бои се нежни и покажуваат дека сте романтичар во срцето.

Розова
Вие сте забавна личност која изгледа ултра женствено.

Бордо и темни нијанси
Ако ова е вашата омилена боја, тоа покажува дека сте вистинска заводничка.
