Од што најмногу зависи музикалноста?

Психолозите откриле дека отворените луѓе се повеќе склони кон авантури и испробување на нови работи. Истото е и со музиката. Музичката надареност зависи од типот на личноста.

muzikalnosta-e-uslovena-od-karakterot-01.jpg

Во ова истражување биле вклучени 7800 мажи и жени со различни карактери, од кои некои биле музички обучени, а некои не.

Со анализа на собраните податоци на сите 5 класични типови на личности, најсилната утврдена корелација е пронајдена помеѓу отвореноста и музикалноста.

Дури и кога во анализите биле вклучени демографските фактори и музичкото искуство, резултатите биле исти.

Екстровертите полесно ќе научат да пеат, бидејќи се посигурни во себе и повеќе сакаат да го покажат она што го знаат.

Покрај карактерот, постојат и други фактори кои влијаат на тоа дали некој ќе биде музички талентиран или не.

Еден од авторите на ова истражување смета дека влијанието на родителите и воспитувањето исто така можат да одредат дали некој ќе се развие музички или не.

Посебно внимание е посветено и на типот на музиката која испитаниците ја претпочитуваат.

Така, докажано е дека личности кои сакаат тажна музика воопшто не се депресивни, туку имаат висок степен на емпатија и склони се кон компромиси.

Другите научници сметаат дека резултатите на овие истражувања треба да се земат со резерва, бидејќи на музикалноста влијаат и многу други фактори.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Десет работи што учтивите луѓе никогаш не ги прават во ресторан Не се однесуваат супериорно кон келнерите и не им се жалат на вработените во рес...
40 чудни (и забавни) прашања кои може да им ги поставите на пријателите кога ви е здодевно Кое необично животно би го земал за милениче и зошто? Би живеел во свет без зима...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...

Најчитани неделава