Работи кои ќе ве натераат да поверувате во задгробен живот

Додека повеќето луѓе мислат дека смртта е крајната цел, постојат многу примери кои сугерираат поинаку.

raboti-ke-ve-nateraat-da-poveruvate-vo-zadgroben-zivot-01.jpg

Иако не се научно докажани, некои работи ќе ве натераат да размислете повторно, а можеби и да поверувате дека постои задгробен живот.

Свеста продолжува и по смртта

Д-р Сем Парниа е мошне почитуван во областа на реанимацијата, особено кога станува збор за оживувањето на пациентите, многу часови по срцевиот удар. Она што тој го вели за свеста е во најмала рака интересно. Според повеќе интервјуа на оваа тема, тој е убеден дека човековата свест може да ја преживее мозочната смрт. Поконкретно, тој смета дека е невозможно непосредно пред или по мозочната смрт да се видат бели светла, тунели и сл. Тој не смета дека се работи за натприродно, наместо тоа, тој сугерира дека ние едноставно сеуште не разбираме како функционира свеста. Сепак, ова е пример дека можеби постои задгробен живот, доколку не се работи за свеста.


Средби со мртвите

Една од класичните компоненти на искуство со блиска смрт се состаноци со мртвите роднини од другата страна. Овде најверојатно се работи за исклучително живописни халуцинации. Но, д-р Брус Грејсон од Универзитетот во Вирџинија смета дека постои уште нешто. Во неговиот труд, објавен во 2013 година, тој истакна дека бројот на пациентите кои наводно имале средба со мртвите луѓе во голема мера ги надминуваат оние кои се сретнале со живи. Но, тоа што е чудно во овој пример е што постојат неколку случаи каде што пациентот се сретнал со мртов човек за кој не знаел дека умрел. Постојат и случаи каде што пациентите ги виделе своите биолошките родители, за кои не знаеле ништо, а ги опишале со неверојатна прецизност.


Сличности

Еден од повеќето аспекти на искуство со блиска смрт е тој што речиси сите искуства се слични. Сепак, можеби се работи за колективно несвесно, бидејќи сите сме слушале слични приказни, и потсвесно очекуваме дека и ние ќе го доживееме истото.


Децата можат да се сетат на нивните минати животи

Доктор Иан Стивенсон е веројатно првиот човек во историјата кој успеал да докаже дека постои реинкарнација. Тој 40 години прецизно ги истражувал и документирал случаите на децата кои се сеќавале на своите минати животи. Тој има снимено преку 3.000 случаи на деца, на возраст под 5 години, кои поседувале специфични податоци за животот и смртта на луѓето кои никогаш не ги запознале. Некои од овие деца имале фобии поврзани со претходните смртни случаи, некои се сеќавале детално на нивната смрт и начинот на умирање, а некои дури и ги препознавале нивните „убијци".  Сепак, истражувањата на Стивенсон не се целосно точни и дефинирани, бидејќи некои од неговите истражувања биле базирани врз лоши преводи или недоволно стручни преведувачи.

М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
Од наследник во најмоќната американска династија, до ладнокрвен убиец: Кој бил Џон ду Понт? Џон ду Понт потекнувал од една од најбогатите и најмоќните династии во САД, но и...

Најчитани неделава