Што сакате, тоа добијте!

Желбата се привлекува со желба, навистина колку е само законот на привлекувањето едноставен. И, колку овој ист закон се комплицира кога нешто...

 

... посакуваме, но за тоа размислуваме на негативен начин, како никогаш да нема да ни се исполни.

Воопшто не едноставно да се навежба мозокот постојано да мисли на позитивен начин, но како резултат на тој неуспех, често, преку негативните размислувања, привлекуваме нови негативности во нашите животи.

Терминот „самоисполнувачки предвидувања“ се однесува на токму овој закон. И преку него точно се објаснува дека самите си ги создаваме околностите кои се наоѓаат во нашите мисли, без оглед дали се позитивни или негативни. Затоа, целта што треба да си ја поставиме е да го научиме мозокот секогаш да размислува на позитивен начин, и да ги насочи мислите кон нашите стремежи, т.е. да размислуваме дека тие ќе се остварат.

Како? Креирајте си ситуации во главата кои сакате да ви се случат, и тие навистина ќе ви се случат. Да, точно, можеби под нешто поинакви околности, но - ќе се случат.sto-sakate-toa-dobijte1

Магичниот збор за целиот овој процес е - фреквенција. Фреквенцијата која ја користите додека планирате, размислувате или сонувате за своите стремежи, ја креира потребната енергија за создавање на овие ситуации.

Слично како радио станиците кои мора да бидат наместени на одредена фреквенција за да емитуваат некоја програма, и вашиот мозок мора да биде прилагоден на фреквенција на која можете да ги остварите вашите замисли. Тоа пак, значи, дека морате однапред да го програмирате мозокот за креирање на позитивни ситуации.

Или, сликовито - доколку сакате да пратите СМС на вашиот симпатија, и размислувате на следниов начин: „сигурно нема да ми одговори“, најверојатно пораката која ќе ја составите ќе биде во таков стил, што тој нема да има никаква потреба да одговори на неа.

Од друга страна, со позитивно размислување, и без форсирање, ќе створите интересен СМС со кој ќе ја навлечете другата страна (нели, симпатијата) на допишување.
Доколку посакувате нов автомобил, исчистете ја гаражата, и ослободете му простор. Проучувајте ги цените и кредитите кои се нудат, па дури и доколку не ги исполнувате условите. Размислувајте на прекрасното чувство што ќе го доживувате кога ќе го возите новиот автомобил. Разгледајте ги промотивните летоци.

Или - ако во животот посакувате да привлечете партнер со одредени квалитети, почнете и самите да живеете на тој начин. Како и секоја друга особина, и оваа техника, по законот за привлекување, може да се стекне.

Само морате претходно да дефинирате што е тоа што ве оддалечува од вашите цели и желби при вашите размислувања, и зошто вашата имагинација креира негативни очекувања. Не е доволно само да посакувате нешто. Морате неговото остварување да го привлечете со мислите, преку поставување на позитивни очекувања.

Пред вас се испречува пат поплочен со широка палета на избори од секојдневниот живот. Дали овој пат ќе ве оддалечи или приближи кон нашите цели и стремежи, зависи само од вас и вашите мисли.

Би можело да ве интересира:

Цела зима нема достава на намирници, алкохолот беше забранет поради насилство: Животот во најизолира... Неодамна, жителите на гратчето Тасилак на Гренланд го испратија последниот товар...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
Луѓе ги споделуваат најглупавите (и најсмешните) причини зошто завршиле во болница „Си го скршив малиот прст бидејќи му покажував на брат ми како си го скршив друг...
8 илустрации колку технологијата ни го смени секојдневието (и без кои не можеме да живееме) Не мора да носиме кеш во паричникот - може да платиме дури и допирање на мобилни...
Најчитани интервјуа на CRNOBELO во 2025: Љубовни приказни, успешни Македонци во странство, животни б... Меѓу патувачките и животните приказни на Македонците, од кои дел се јавни личнос...
Фотки кои покажуваат колку неверојатно (и уникатно) може да биде човечкото тело Личност родена без отпечатоци на прстите, девојче кое се родило со две бои на ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg