Целосната изградба на Саграда Фамилија во 1 минута (видео)

Една од првите неколку идеи кои ви доаѓаат на ум кога ќе се спомене Шпанија и Барселона секако е базиликата Саграда Фамилија на Антонио Гауди.

celosnata-izgradba-na-sagra-familia-vo-1-minuta-01.jpeg

Позната е како една од ретките градби во светот која се гради со години. Нејзината изградба започнала во далечната 1882 години.

Една година подоцна Гауди се приклучил кон проектот и сè до крајот на животот во 1926 година работи на нејзината изградба.

По смртта на Гауди градењето се одвивало доста бавно заради фактот што самата изградба била финансирана од самостојни донации кои биле многу мали. Потоа следела Граѓанска војна во Шпанија и ред други услови кои создавале бројни неприлики.

Сепак низ годините нејзиното градење не запира и согласно плановите таа треба да биде завршена до 2026, односно се очекува да биде отворена на 100-годишнината од смртта на нејзиниот творец.

Завршената базилика би требало да вклучува 18 кули посветени на разни религиозни ликови, кои ќе имаат различна висина што претставува алегорија на религиската хиерархијата.

До денес изградени се вкупно 8 кули.

Како ќе изгледа финалната верзија на Саграда Фамилија може да видиме на 3D анимацијата која ни покажува една по една се додаваат предвидените кули и како базиликата полека го добива својот замислен изглед.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работела како продавачка додека студирала – Која е скромната (и таинствена) наследничка на Primark? Основачот на Primark има пет деца од две жени, а неговата најмала ќерка, Џес реш...
Татковци најмуваат проститутки за нивните синови, дрога на секој чекор – Мрачната страна на туризмот... Покрај зеленилото, плажите, културата и вкусната храна, Тајланд има и друга стра...
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
10 чудни работи што луѓе ги нашле во продавница: „Го купува ли некој ова?“ Дали некогаш сте влегле во продавница, а да се изненадите од некои од предметите...
Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерк... Керолин Кенеди е единствениот преживеан член од семејството Кенеди. Татко ѝ Џон ...

Најчитани неделава