Како да ја победите емоционалната болка?

Кога ќе тргнете на едно патување можат да се случат многу предвидени но и непредвидени крајни резултати, замислете колку работи можат да се случат на патувањето наречено живот.

Kako-da-ja-pobedite-emocionalnata-bolka-01

Сите сме свесни дека на такво долготрајно патување не можат да не следат само убави нешта, без разлика колку среќата ни е наклонета. Затоа, според Њутновиот закон за акција и реакција, паралелно на љубовта оди процесот на одбивање, среќата се надополнува со тагата, а после секоја добивка пропорционално следи и  загуба.

Таквите емоционални дупки се неизбежни, но еве неколку совети како полесно да бидат надминати.

1. Состојбата на неуспех

Сигурно секој од вас се соочил со ситуација каде вашето постигнување на посакуваната цел било доведено во прашање и притоа вашето его доживеало невиден удар. Но, треба да сфатите дека доколку сте доживеале неуспех во едно поле од вашиот живот тоа не значи дека вие сте пропаст во сите полиња од вашиот живот. Што би рекле ако е изгубена битката, не е изгубена војната.

Експертите велат дека најдобар лек за ваквата состојба е разговор со личности кои се блиски до вас. Тие сметаат дека токму вашите блиски би можеле да ви помогнат да ја согледате убаво ситуацијата, да ве натераат добро да размислите што се можете да изгубите и добиете од тоа искуство и едноставно да ве натераат да размислувате реално.

Исто така еден третман за да го надминете стравот од неуспех за ситуациите кои не се случиле сè уште, но вие се плашите дека вашиот труд нема да биде доволен, е да ја замените состојбата на безизлезност, страв и тага со хумор кон токму таквата состојба. Тоа ќе биде одличен начин да се справите со вистински или измислен неуспех. Се верува дека ако најдете начин да ги отргнете мислите за страв од неуспех, вие всушност можете да направите како тој воошто да не се случил.


2. Отровниот ефект на вина

Најчесто емоционалните болки ви ги предзвикува надворешниот свет, но што ако вие сте изворот на вашата емоционална болка ?
При чувството на вина вие сте изворот на она што ве прави несреќни. При таква состојба најчесто се исполнувате со чувства кои едноставно го загрозуваат вашето секојдневие.

Но, треба да имате на ум дека сето тоа може да биде надминато. Доколку се чувствувате виновни за нешто, најдобро е да се извините, секако ако тоа е можно, за да можете да се ослободите од тоа чувство кое ве заробува. Кога другите ќе ви простат, простете си и вие самите и можеби ќе видите дека луѓето кои сте сметале дека сте ги изневериле ќе бидат оние кои ќе ве бодрат да го преживеете ова чувство на вина.


3. Страв од самотија

Луѓето, колку и да звучи чудно, можат да останат сами низ целиот свој живот. Колку подолго останувате без блиски контакти со другите, сè потешко ви е да остварите конекција со нови луѓе, но понекогаш и со оние кои би ви биле стари пријатели.

Доколку сте цврсто убедени дека никој нема да ве сака, да се грижи и да се бори за вас, тогаш првично нешто што треба да го направите во оваа состојба е да престанете да бидете песимистични. Бидејќи со таквото постојано размислување ќе живеете со фактот дека другите постојано мислат негативно за вас.

Во тие моменти треба да научите да го контролирате вашиот скептицизам и да престанете беспотребно да зборувате негативно за вас самите. Сфатете дека никој не се родил со способноста да биде комуникативен и прифатен во друштвото и никој не се раѓа со својата сродна душа. Ако направите промена во вашето размислување и однесување, почнете да се социјализирате и бидете оптимистични наместо песимистични, ова чувство на самотија веднаш ќе исчезне, а вие ќе уживате во вашиот исполнет живот.

Запомнете дека емоционалната болка е навистина голема, можеби и поголема од физичката болка, но нема проблем кој не можете да го решите.

Пред тестот кој ви го поставил животот напнете силно и износете го товарот кој ви е наметнат. Колку и да си мислите во тој момент дека тоа е невозможно, грешите.

Вие сте создадени за големи нешта, не дозволувајте негативното размислување околу вашите способности да ве спречи да ги остварите истите.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
10 бон-тон правила што треба да ги почитувате во италијанските ресторани Јадете леб со тестенините и нарачувате капучино со ручекот – Кои се најчестите г...
Според нумерологијата и датум на раѓање: Личности кои најдобро знаат да даваат совети Иако оваа способност може да ја имаат личностите родени на кој било да...
9 причини зошто животот на Малдиви е тежок (и е далеку од рај за локалците) Храната што ја јадат локалците е еднолична, основните трошоци можат да бидат мно...
Порано мислеле дека ја предвидува иднината - дали морничавата табла за зборување со духови навистина... Знаевте ли дека окултната табла за зборување со духови (ouija) прво се продавала...
Вирален македонски твит: „Луѓево земале кредити и изнајмувале викендици со базени по Сопиште за слав... „Денеска низ муабет дознав дека луѓево земаат кредити да им ги исполнат хировите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg