15 факти за сонувањето

15-fakti-za-sonuvanjeto-povekjeСонувањето е едно од најмистичните и интересни искуства во животот. Во Романската ера некои соништа биле предложени пред Сентатот да бидат...

 

...анализирани и толкувани мислејќи дека се пораки од Боговите. Толкувачите на соништа дури и ги придружувале воените лидери во нивните битки!

Но, што всушност знаеме ние за соновите?

1. Забораваме 90% од нашите сонови

Во првите 5 минути од будењето забраваме половина од нашите сонови, во првите 10 минути забораваме дури 90% од соновите.

15-fakti-za-sonuvanjeto

2. И слепите сонуваат

Луѓето кои ослепеле по раѓањето можат да гледаат слики во нивните сонови.

Луѓето кои се родени слепи не гледаат слики, но имаат исто толку живи сонови користејќи ги другите сетила за звук, мирис, допир и чувства.

3. Сите сонуваме

Секое човечко суштество сонува, освен во некои случаи на екстремни психолошки пореметување. Ако мислите дека не сонувате, тоа само значи дека ги заборавате соновите.

4. Исклучиво сонуваме лица кои ги познаваме

Нашиот мозок не измислува лица – во нашите соништа гледаме вистински лица кои некогаш сме ги виделе, а кои и не мора да ги памтиме.

Сите сме виделе илјадници лица низ животот, па затоа имаме непотрошни залихи на лица кои нашиот мозок ги покажува во соновите.

5. Не сите сонуваат во боја

Цели 12% од луѓето сонуваат исклучиво во црно и бело. Останатите сонуваат во боја. Студии направени од 1915 до 1950 покажуваат дека повеќето сонови се во црно и бело, но овие резултати почнуваат да се менуваат во 1960 година.

Денес, само 4.4% од соновите на оние под 25 години се во црно и бело. Скорешни студии покажуваат дека ова можеби е поврзано со менување на телевизијата од црно и бело во боја.

6. Соновите се симболични

Доколку сонувате на одредена тема, најверојатно сонот всушност и се однесува на тоа. Соновите зборуваат во длабоко симболичен јазик. Каква и да е симболиката на сонот, најверојатно се однесува на самото тоа што го сонувате.

7. Чувства
Најчесто чувство во соновите е чувството на нетрпеливост. Лошите чувства се многу почести од убавите.

8. Можете да сонувате 4 до 7 сонови во една вечер

Во просек, можете да сонувате од 1 до 2 часа секоја вечер.

9. И животните сонуваат

Повеќе студии се направени врз различни видови на животни и сите покажуваат исти мозочни бранови кај животни и кај луѓето кога сонуваат.

Набљудувајте куче кога спие. Шепите им се движат како да трчаат и испуштаат чудни звуци како да бркаат плен во сонот.

10. Парализа на телото

РЕМ сонувањето е нормална фаза на спиење која се карактеризира со брзи движења на очите. РЕМ спиењето кај луѓето обично трае 20-25% од вкупниот сон, поточно од 90 до 120 минути од целовечерно спиење.

За време на РЕМ спиењето, телото е парализирано од механизам во мозокот со цел да спречи движења кои се случуваат во сонот. Во секој случај, возможно е овој механизам да биде предизвикан и пред, за време и по нормалниот сон во период кога мозокот се буди.

11. Вклучување со соновите

Нашиот мозок ги прима надворешните стимулации со кои нашите сетила се бомбардирани додека спиеме и ги прави дел од нашите сонови. Ова значи дека некогаш слушаме некој звук од реалноста и го влучуваме во сонот.

На пример, може да сонуваме дека сме на концерт додека некој додека спиеме во другата соба свири на гитара.

12. Мажите и жените сонуваат различно

Мажите во суштина повеќе сонуваат други мажи. Околу 70% од карактерите во сонот мажот се други мажи. Од друга страна пак, сонот на жената содржи еднаков број на мажи и жени. Исто така, мажите во принцип имаат поагресивни сонови од жените.

13. Предвидувачки сонови

Резултатите од неколку истражувања покажуваат дека 18% до 38% од луѓето имале барем еден сон во кој сонувале нешто што ќе им се случи, а 70% доживеале дежаву.

14. Ако ‘рчиш не сонуваш

Овој факт се спомнува на секаде на интернет, но постојат сомнежи дека тоа е вистина затоа што досега не е научно поткрепено.

15. Може да доживеете оргазам во сон

Не само што можете да сонувате дека имате секс и вистински во сонот да го доживеете туку можете да постигнете и оргазам исто како и во реалниот свет.

Би можело да ве интересира:

„Изгледав кич и носев евтини материјали, денес сум префинета дама - како успеав?“ „Пораснав без најмала идеја околу нешто поврзано со модата, а не пак со елеганци...
Пар со „волшебна“ напивка и тематска забава во стилот на „Хари Потер“ го откри полот на бебето (виде... „Ова е генијално. Никогаш не сум видела подобро откривање на пол на бебе. Толку ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Малата Натали е хит на ТикТок со нејзиното маче – заедно јадат, спијат и си играат (видео) Животните и децата имаат нераскинлива врска, а доказ за тоа се Натали и нејзинот...
10 грешки поради кои новата облека за кратко време ви изгледа износено и парталаво Облеката ја сушите кога сонцето е најсилно, парфемот го прскате директно на обле...
Улиците се претворени во писти – Како изгледа животот во гратче каде што сите имаат авион? Гратчето Спрус Крик во САД е изградено околу приватен аеродром, каде што жителит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg