Кога торта со ужасна декорација ќе ви го разубави денот

Лиса Олдрич од Мичиген влегла во продавница по роденденска торта на која побарала од вработените да ја декорираат и на неа да биде напишано: „Среќен роденден Менди“.

kako-mozete-nekoe-lice-so-autizam-da-go-napravite-posrekjen-covek-01.jpg

Кога ја отворила кутијата била прилично изненадена - не го добила тоа што го очекувала, туку декорација која изгледала многу лошо. Сепак, тоа не било причина да се изнервира и разочара, туку силно се насмеала.

На касата, вработените и се извиниле и понудиле да ја заменат тортата, но одбила. „Не ми значеше тоа што изгледаше толку лошо“ – објаснува таа.

По разговорот со менаџерот на продавницата, открила што навистина се случило: „Една од одговорните жени ме допре за рамо и ми кажа дека девојката која го напишала ова имала аутизам“.

„Ти благодариме што се насмеа - не треба да пишува на тортите, но веројатно вие и го направивте денот поубав“ – добила искрена благодарност од една од одговорните во продавницата.

 

 
data-width="500">

Picked out a cake at Meijer. Asked bakery-looking-employee if she could write on it for me. She said she would, and...

Posted by Lisa Sarber Aldrich on Sunday, November 29, 2015

 

„Бидете фини. Не ми се верува колку Бог е неверојатен и како ја употребува оваа приказна за да благослови многу луѓе. Претпоставувам дека поуката од оваа ситуација е дека треба да бидете добри со секого“ – објаснува Лиса.

Нејзината објава е споделена повеќе од 149.000 пати, а Лиса добила и илјадници позитивни пораки и благодарност од луѓе со аутизам.

Би можело да ве интересира:

Страдала од депресија, син ѝ ја убил во самоодбрана: Трагичната судбина на актерката Сузан Кабот Последните години од животот, Сузан Кабот ги поминала во изолација, живеејќи со ...
Што прават терапевтите кога се чувствуваат депресивно? Прават работи што ги радувале кога биле деца, си поставуваат реалистични цели за...
Калиопи пееше на Евровизија, Леонардо ди Каприо освои Оскар: Работи што се случија пред дури 10 годи... Помина цела деценија од Оскарот на Леонардо ди Каприо, но и од смртта на единств...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...
Фото-докази дека живееме во „бетонски“ урбан пекол Огромни згради, сивило и ниту едно дрво – дали сите поголеми градови ги претвора...
„Купив близнаци од интернет за 8.000 евра – ме осудуваа, но не погрешив“: Детали за најголемиот скан... Во раните 2000-ти, Британката Џудит се најде среде најголемиот скандал со посвој...

Најчитани неделава